ПОВЕЌЕ

    Нина Ангеловска – предлог министер за финансии

    Време зa читање: 2 минути

    Предлогот министер за финансии стигна и до Собранието заедно со останатите предлози за министри и заменици-министри на премиерот Зоран Заев.

    Нина Ангеловска (31 година) е номинирана за функцијата министер за финансии. Таа е претседател на Асоцијата за е-трговија на Македонија и извршен директор и ко-основач на „Групер“. Ангеловска на листата на „Форбс“ во 2011 година е меѓу 30-те најуспешни претприемачи на возраст под 30 години.

    Нина Ангеловска, по објавувањето на одлуката, во четвртокот се огласи на својот Фејсбук профил. Ангеловска напиша дека е подготвена да раководи со една од најважните функции во државата. Таа вели дека ќе го даде својот максимум во унапредувањето на фискалната транспаретност и домаќинско раководење со парите на граѓаните.

    „Драги пријатели,

    По речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на мојата напорна работа и придонес, чест ми е што моето знаење, потенцијал и ентузијазам за промени, се препознаени да бидат ставени во функција на прогресот на нашата држава. А честа е уште поголема затоа што основaта е целосно непартиска.

    Понудата ја гледам како шанса, да бидам предводник на промени во земјата во која ја планирам и својата иднина.

    Со прифаќање на овој голем предизвик, подготвена сум целото свое стекнато знаење, менаџерски способности и бизнис искуство, да ги вложам за најдобро вршење на оваа исклучително одговорна фукнција, носење на најдобрите информирани одлуки за нашата земја и граѓаните, брзо апсолвирање и одговорно делување.

    Спремна сум да се вложам во прогресивни фискални политики со кои ќе креираме силна економија за граѓаните и ќе ги задржиме младите во државата. Ова е време на технологии, вештини, развој на модерното претприемништво и нови бизнис модели, дигитални комуникации и производство. Таму го гледам развојот на земјата. Конечно, ќе вложам максимум во унапредувањето на фискалната транспарентност и домаќинско раководење со парите на граѓаните.“

    По постигнувањето на договорот на владејачката партија СДСМ за нов министер за финансии да биде Нина Ангеловска, предлогот стигна и до Собранието. Предлогот е испратен заедно со останатите предлози за министри и заменици-министри на премиерот Зоран Заев. Засега, не се знае кога ќе се одржи пленарната седница на која би се избрале новите министри и заменици-министри.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично