ПОВЕЌЕ

    Нетрговски трансфер на 3.115 акции од 12 компании и една банка

    Време зa читање: 2 минути

    Засилена активност во сегментот нетрговски трансфер на акции е забележана во текот на минатата работна недела. Сопственоста е пренесена  на 3.115 обични акции издадени од 12 компании и една банка. Најмногу од „Гранит“ – 1.589. Ударен ден бил вторник со 2.680 акции.

    На почетокот од таа работна седмица Централниот депозитар за хартии од вредност ги евидентирал трансферите на 30 обични акции од „Алкалоид“ и 166 од Комерцијална банка.

    Веќе утредента има голема раздвиженост. Освен најмногубројните акции емитувани од скопски „Гранит“, на овој начин сопственоста е пренесена и на обичните акции од уште осум компании: „Уготур АД Скопје – 23, РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 21, Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп – 40, „АрцелорМиттал“ (ХРМ) – 414, „Макстил“ – 477, РЖ „Техничка контрола“ – 8, РЖ „Економика“ – 21 и на  РЖ „Услуги“ – 175 акции.

    Во средата, како подарок, наследство, можеби или по сила на судска одлука или договор за залог, трансферирани се 110 акции на прилепскиот Тутунски комбинат.

    Податоците од Централниот депозитар што ги објавува Македонска берза покажуваат дека во четвртокот, како последен ден за оваа активност (за петок нема информација), низ нетрговски трансфер минале само 129 акции. Меѓу нив уште 88 обични акции на „Гранит“. Потоа, 31 на Дебарски бањи Цапа и 10 обични акции на „Макпетрол“.

     

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично