ПОВЕЌЕ

    Најголемиот стартап од Балканот сега котира на Њујоршката Берза

    Време зa читање: 2 минути

    Романскиот стартап UiPath, кој развива роботски програми, успешно дебитираше на Њујоршката берза.

    Компанијата, чиј софтвер им помага на компаниите да ги автоматизираат процесите со автоматско повторување на работата, продаде акции по цена од 56 долари за акција, над очекуваниот опсег од 52 до 54 американски долари, за да го затвори тргувањето со 69 американски долари по акција на затворањето на берзата.

    На крајот, пазарната вредност на романскиот еднорог достигна 35,8 милијарди долари.

    Според американската ТВ станица, ова е трето најголемо IPO досега на софтверска компанија на американската берза, зад продавачот на “cloud” база на податоци Snowflake, која во септември собра 3,9 милијарди долари и Квалтрикс, која повлече 1,78 милијарди долари во јануари.

    UiPath одлучи да влезе на пазарот на капитал во време на брз раст, кога компаниите од здравствениот сектор бараат начини да го автоматизираат бизнисот во нивните финансиски, човечки ресурси и правни оддели.

    Приходите на стартапот се зголемија за 81 процент минатата година на 607,6 милиони долари, со што претходната загуба на компанијата се намали на 92,4 милиони долари од 519,9 милиони долари во 2019 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично