ПОВЕЌЕ

    Најчитано на ПАРИ во 2022 – јуни

    Време зa читање: 6 минути

    Почитуван читателу,

    Порталот Пари (pari.com.mk) е присутен релативно кратко во медиумскиот простор, сепак брзо успеа да го добие вашето внимание пред се поради квалитетот и ексклузивните содржини што се објавуваат. Затоа, Ви благодариме за поддршката изминатата година и интересот да прочитате нешто поразлично од она што секојдневно се пласира. Нашата цел беше и ќе остане да бидеме објективен финансиски портал кој исклучиво ќе се потпира на реални бројки, анализи, споредби за да се добие вистинската слика за домашната економија, но и за да му се помогне на бизнисот.

    На нашите анализи работат новинари со повеќедецениско искуство во новинарството со импресивно искуство позади себе, а често наши гости преку свои колумни и интервјуа се најдобрите финансиски експерти во земјава.

    Бројките се нашето најсилно оружје, а текот на парите најдобра трага. Кој ги врти парите во Македонија? Драг читателу, ако редовно ги читаше нашите анализи лани, се надеваме дека многу нешта во економијата се разјаснија. Во продолжение ќе ги публикуваме уште еднаш нашите анализи и текстови кои побудија најголем интерес кај вас во годината што измина.

    Се најдобро,

    Редакција Пари

    ВО ИТ-СЕКТОРОТ НЕМА ГРАНИЦИ: 8 вработени создале профит од 2 милиони евра во 2021 година!

    „ПАРИ” АНАЛИЗА |  Како да се придобијат во јавната администрација неопходните ИТ-кадри, кога нивниот ангажман во приватниот сектор е далеку поплатен од она што го дозволува бодувањето согласно законската реулатива за вработувањата под државната капа?

    Порталот „Пари“ во соработка со платформата БизнисМрежа.мк ги анализираше компаниите од ИТ-сектoрот кои се 100 проценти во македонска сопственост. Во овој сектор, и во однос на креативноста, и во однос на добивките, „само небото може да биде граница“.

    КОМПЈУТЕРСКИТЕ ИГРИ ИМ ДОНЕСОА СЛАВА И НАЈГОЛЕМА ДОБИВКА

    ВО ИТ-СЕКТОРОТ НЕМА ГРАНИЦИ: 8 вработени создале профит од 2 милиони евра во 2021 година!

    ВО „БИОТЕК“ ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е 2.000 ЕВРА, „ПРОМЕДИКА“ ГО ПРАВИ НАЈГОЛЕМИОТ ПРОФИТ: Како работеле другите веледрогерии?

    „ПАРИ“ АНАЛИЗА | Пандемијата ги зголеми приходите кај веледрогериите. Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека нивните приходи се зголемиле во 2020 година во однос на 2019 година, за да потоа тој тренд продолжи и во 2021 кога направиле уште поголем промет со лекови и медицинаски материјал во однос на 2020 година. Така, во 2021 година, само кај трите најголеми веледрогерии по промет: „Зегин“, „Македонијалек“ и „Еуформ се платени 187,2 милиони евра. Во 2020 година кај нив се слеале 174,5 милиони евра.

    Најголемите компании по приход не биле и најголеми добитници во однос на профитот. Порталот „Пари“ аналзирајќи ги бројките за веледрогериите, наиде на еден особено интерсен податок за висината на платите во двете веледрогерии кои имаат најголема добивка. Тие не само што даваат солидни и многу надпросечни плати, туку и во 2021 година значително ги зголемиле платите во однос на 2020. Така, лани просечна плата во „Промедика“ била 102.547 денари, а во „Биотек“ 127.121 денар.

    ВО „БИОТЕК“ ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е 2.000 ЕВРА, „ПРОМЕДИКА“ ГО ПРАВИ НАЈГОЛЕМИОТ ПРОФИТ: Како работеле другите веледрогерии?

    БЕЛАТА ТЕХНИКА АТРАКТИВНА И ЛАНИ: „Нептун“, „Сетек“, „Техномаркет“ и „Анхоч“ продале роба за 155,7 милиони евра

    „ПАРИ“ АНАЛИЗА | Трговијата со мали и големи куќни апари, како и со компјутери, лаптопи и друг вид на техника, може да се каже дека не само што не беше погодени од пандемијата, туку таа дури и стана поатрактивна, а во случајот со лаптопите и неопходни во услови кога се работните и училиште обврски се вршеа онлајн. Овој глобален тренд на ја заобиколи ни Македонија, па податоците покажуаваат раст на приходите кај најголемите трговци со бела техника, компјутери, телевизори, и разни други технички помагала и апарти за домаќинство.

    Според податоците на БизнисМреже.мк, четирите најатрактивни компании во овој бизнис – „Нептун“, „Сетек“, „Техномаркет“ и „Анхоч“, минатата година направиле вупен приход од 155,7 милиони евра, додека во 2020 година имале вкупн промет од 138,2 милиони евра.

    БЕЛАТА ТЕХНИКА АТРАКТИВНА И ЛАНИ: „Нептун“, „Сетек“, „Техномаркет“ и „Анхоч“ продале роба за 155,7 милиони евра

    Колку се етички добивките на трговците? 750 милиони евра се слеале лани во Кам, Веро, Кипер, Стокомак…

    ПАРИ АНАЛИЗА | Вкупните приходи од 8-те најголеми трговски фирми (кои влегуваат и во 100-те најголеми компании во државава по приход), се 750 милиони евра, а нивната вкупна добивка е 30 милиони евра во 2021 година. Претходната пак 2020-та вкупните приходи и тоа на 10 најголеми маркети беа 650 милиони евра или 100 милиони евра повеќе се слеале само во осум маркети минатата година во однос на 2020 година

    Во продавниците секојдневно осамнуваат нови цени, а сметките што се добиваат на касите се како да се од некој друг град, од некои ексклузивни трговци, за нас непознати. Јогуртите се со цени над 60 денари за литар, или за килограм (зависно кој како пресметал дека може повеќе да заработи),  крем-сирењата во пакувања од 100 или 150 грама имаат раст на цена од 30-тина проценти па се продаваат за 70-тина, но и за над 100 денари, редовние цени на кравјото сирење веќе се доближија до 400 денари, освен ако се најде нешто на попуст, лебот е околу 40 денари,  јунешкото месо е над 500 денари за килограм, единствено ниска остана цената на свинското месо.

    Трговските маржи за основните прехранбени производи повторно се замрзнаа пред една недела, откако на 1 јуни се одмрзнаа. Министерот за економија Крешник Бектеши, по одмрзнувањето на маржите, видно разлутен излезе во јавноста од прашањето: „Што се случило за 24 часа, за да има скок на цени од 80 проценти за некои производи? Но, и по новото ограничувањето на маржите, во продавница не се влегува…

    Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк ви ги открива минатогодишните приходи и профити на најголемите трговски синџири во државата.

    Колку се етички добивките на трговците? 750 милиони евра се слеале лани во Кам, Веро, Кипер, Стокомак…

    НАЈБОГАТИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ ИСПЛАЌААТ НАЈМАЛИ ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ: Само 7.552 денари била просечната плата во позната градежна компанија пред минималецот

    „ПАРИ“ ОТКРИВА | Повеќе од половина милијарда евра или поточно 527 милиони евра е вредноста на градежните активности кои што минатата 2021 година ги извршиле градежните компании во земјава. Држaвниот завод за статистика објави дека лани се изградени 2 665 објекти, а завршени се вкупно 3 235 станови. Просечната површина на становите е 65,3 метри квадратни, а најмногу се градело во Скопскиот регион, а следен е Југозападниот. Статистиката заблежала мал пад кај градежните активности во однос на 2020 година кога тие вределе  532 милиони евра. Намалените градежни активности се пресликаа и во делот на прометот на топ 10 градежни компании, односно како што веќе објавивме нивниот приход лани изнесувал 144,6 милиони евра, додека во 2020-тата 149 милиони евра. И покрај минималниот пад во градежништвото, тоа не им попречи на дел од градежните компании да имаат одлична финансиска 2021 година, но кај платите на градежните работници и не е се така сјајно.

    Порталот „Пари” во соработка со БизнисМрежа.мк ви ги открива просечните плати по вработен во најголемите градежни компании во земјава рангирани според приход, добивка и најголеми работодавци кои треба да се двигатели на платите во овој сектор. За жал анализата покажа дека од пет градежните компании кои што оствариле највисока добивка пред да се усвои минималецот две исплаќале катастрофално ниски просечни плати и тоа се познати градежни фирми.

    НАЈБОГАТИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ ИСПЛАЌААТ НАЈМАЛИ ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ: Само 7.552 денари била просечната плата во позната градежна компанија пред минималецот

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично