ПОВЕЌЕ

    На листата од УЈП 1.785 должници и долг од 141 милион евра

    Време зa читање: 2 минути

    Управата за јавни приходи ја објави истата на должници за долгови доспеани до 31 март, кои не се платени до 30 јуни. Долговите се направени по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

    Се работи за должнички износи повисоки од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и над 300.000 денари за правните лица.

    На листата се наоѓаат 1.785 должници – правни лица (повеќе за 18 од претходната листа) и 3.413 физички лица (повеќе за 45 од претходната листа).

    Вкупно објавениот нето-долг изнесува 8.711.691.182 денари или над 141 милион евра. Од УЈП укажуваат дека сумата е за 230.721.048 денари (3,8 милиони евра) повисока од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.528.229.561 денари (повеќе за 214.057.472 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.461.621 денари (повеќе за 16.663.576 денари од претходната листа).

    Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка, посочуваат од таму. Воедно, се додава дека УЈП без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во листата на должници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично