ПОВЕЌЕ

    Маск го „запали“ Твитер: Одговори на славното прашање што е постаро – јајцето или кокошката?

    Време зa читање: 2 минути


    Според индексот на „Блумберг“ за милијардери, Илон Маск, основачот на Tesla, SpaceX, NeuraLink и Borring Company, е на 4. место, а неговото богатство значително порасна оваа година.

    Американецот е познат по тоа што сака да „провоцира“ на Твитер, отворено зборува за работи за кои многу газди молчат и често ги консултира своите следбеници во врска со некои идеи што ги има за Tesla.

    Исто така, Маск често објавува огласи за вработување, директно преку оваа мрежа и остава е-пошта на која сите заинтересирани можат лично да го контактираат, а тој најмногу бара инженери.

    Овие денови тој комуницира со обожавателите за PCR тестот и вирусот корона, го следи напредокот на фабриката Гига во Берлин, споделува искуства со претставници на Фолксваген, но исто така одговара и на некои прашања, на кои малкумина можат да одговорат.

    Го знаете она познатото: што е постаро, јајцето или кокошката? Целиот свет го поставува тоа прашање, додека одговорот главно останува енигма. Сепак, Маск најде начин да ги заинтригира своите следбеници на Твитер, па им даде интересна аналогија на настаните.

    Тој напишал „затворен е случајот“ покрај фотографијата која ја објавил, по што следеле различни коментари токму на таа тема, имаше и такви кои отворено бараа работа.

    Патем, Маск е познат како некој што следи „правило без сила“, што значи дека тој се обидува да ги натера емоциите да работат за него, а не против него. Тој не е поборник за поделби во компанијата и сака да се „спушти“ на нивото на неговите работници во фабриката.

    Меѓу другото, затоа тој често комуницира со своите следбеници на Твитер, кои го гледаат како достапен, „кул лик“. Но, не треба да се занемари дека неговата  нето вредност во моментов е 92,4 милијарди долари.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично