ПОВЕЌЕ

    МЛАДИ МИЛИОНЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА – КОИ СЕ И КОЛКАВИ ПАРИ ВРТАТ?

    Време зa читање: 5 минути

    Имаат помалку од 35 години, а веќе се сопственици на бизниси во кои се вртат милиони евра. Во осум компании во земјава, каде приходите и добивките надминуваат неколку милиони сопствениците се помлади од 35 години. Бизнисите или се целосно нивни, или станува збор за семеен бизнис а некои имаат други бизнис партнери. „Таргет Груп направи листа на најмладите милионери во земјава а на неа се најдоа една жена и седум мажи.

    Најмладиот милионер е од Скопје. Овој млад бизнисмен, од позната фамилија во бизнисот и политиката, минатата година ја има и најголемата добивка меѓу останатите компании кои се најдоа на оваа листа. Но, компанијата на тетовски бизнисмен, кој исто така има помалку од 35 години, е најголема, односно во неа лани се свртела сума од речиси 60 милиони евра, со што оваа домашна компанија има приходи далеку поголеми од приходите на останатите компании на најмладите милионери во земјава. Единствената жена, која од пред неколку недели станува сопственик на градежна компанија каде се вртат милиони, доаѓа од Битола, а во фирмата има само двајца вработени.

    Најмладиот милионер има најголема добивка   

    Има помалку од 35 години, а веќе менаџира бизнис каде годишно се вртат близу 60 милиони евра. Овој млад милионер од Тетово, минатата година успеал приходите во неговите маркети да ги зголеми за 22,1 отсто приходите споредено со претходната година.  Во домашниот бренд на маркети лоцирани во тетовско работат 499 луѓе. Младиот тетовски милионер минатата година успеал да заработи 2,6 милиони евра. Односно, се покажало дека 2019 година била многу подобра за заработка бидејќи во однос на претходната годината добивката е зголемена за 70 отсто.

    Уште еден тетовчанец е на листата најмлади милионери според приходите и добивките што се направени во неговата компанија во текот на минатата година. Во неговата фабрика за производство на градежен материјал, каде работат 98 луѓе минатата година се свртеле 15 милиони евра. Станува збор за фабрика која нуди производи за изолација, профили, градежни лепаци, декоративен малтер. Овој милионер од Тетово, лани успеал да заработи сума од 2,2 милиони евра.

    Најмладиот милионер во земјава е од Скопје. Тој минатата година ја има најголемата добивка меѓу младите милионери. Неговата компанија, која се занимава со повеќе дејности како градежништво, нафтен бизнис, хотелиерство минатата година има приходи од 13,8 милиони евра и истите се зголемени за 13,8 отсто. Но, за овој скопски бизнисмен, кој доаѓа од позната фамилија во бизнис секторот и политиката, минатата година се покажала како одлична со оглед дека најмладиот милионер успеал да ја зголеми добивката за 3920% во однос на претходната година. И со тоа, овој милионер, во чија фирма има 52 вработени заработил 3 милиони евра. Воедно, тоа е и најголемата остварена добивка меѓу најмладите милионери.

    Скопјанец, кој има сопствена лабараторија е уште еден милионер чија фирма свртела неколку милиони евра. Имено, во неговата лабарторија каде има 41 вработен, минатата година направени се приходи од 8,6 милиони евра и истите се зголемени за 14 отсто во одно на претходната година. Овој 31 годишен милионер – лани заработил 2,2 милиони евра.

    Уште еден скопјанец, кој со својата фамилија поседува позната лабараторија во земјава е на листата млади милионери. Лани лабараторијата имала приходи од 7,8 милиони евра и истите се зголемени за 19,9 % во однос на претходната година. Овој млад милионер од Скопје, во чија семејна компанија има педесет вработени успеал да заработи 1,2 милиони евра. Односно, толку изнесувала добивката на лабараторијата. Но, и за оваа компанија минатата година се покажала како подобра од претходната со оглед дека добивката е зголемена за 67,5 отсто.

    Велешанец помлад од 35 години, кој е дел од семејната компанија е на листата млади милионери со оглед на милионските приходи и добивки направени во фирмата. Младиот велешанец со своите партнери менаџира друштво кое доаѓа од секторот земјоделство, но води сметка за вработување на инвалидни лица.  Овој велешки бизнисмен, лани, во компанија каде има 67 вработени, свртел сума од 6,4 милиони евра. Но, оваа добивка споредена со добивката од претходната година е зголемена за 46,2 отсто. Минатата година за велешкиот бизнисмени се покажала како исклучително добра со оглед дека успева да ја зголеми  и добивката за 268,7 отсто во однос на претходната година. Со тоа, минатата година сопсвениците на оваа компанијата поделиле 2,5 милиони евра.

    „Од воден тек до чиста енергија“, е мото на компанијата каде еден од сопствениците има помалку од 35 години и е од  Скопје.  Станува збор за компанија од металопреработивачката индустрија и индустрија за обновлива енергија. Компанијата се поврзува со името на познат македонски политичар, кој до неодамна беше на висока државна функција. Во оваа компанија лани се свртеле 5,5 милиони евра што е зголемување за 78,6 отсто во однос на претходната година. Има само 22 вработени, а овој млад милионер со своите бизнис партнери лани направиле добивка од 1,1 милиони евра, која во однос на претходната година е намалена за 12,6 отсто.

    Единствената жена на листата на млади милионери е од Битола. Таа од пред неколку недели станува сопственик на компанија во која има само двајца вработени.  Станува збор за фирма за трговија на големо, која се занимава со градежништво, а претходно имала само еден вработен. Во оваа компанија лани приходите изнесуваат 4,6 милиони евра, кои во однос на претходната година се зголемени за 105,8 %. Но,освен приходите, минатата година растела и добивката, која во однос на претходната година е зголемена за 57,5 отсто. Односно, лани добивката изнесува 2,1 милиони евра.

    Прочитај повеќе Анализи на следниот линк [ т у к а ]

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично