ПОВЕЌЕ

    Министерката за финансии на средба со гувернерката на Народната банка

    Време зa читање: 2 минути

    Денес, министерката за финансии, Нина Ангеловска на средба во Кабинетот на гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска

    Успешната соработка меѓу Народната банка и Министерството за финансии е клучна за донесувањето и спроведувањето на дел од политиките со кои се поттикнува економскиот развој на земјата. Со заеднички заложби, очекуваме дека соработката и комуникацијата меѓу двете институции и натаму ќе се остварува на веќе воспоставеното исклучително високо ниво, со максимална посветеност на заедничките приоритети за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, како и за поттикнување на развојот на нашиот финансиски систем. Ова беше нагласeно на денешната средба на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со министерката за финансии, Нина Ангеловска.

    На средбата во Народната банка, гувернерката и вицегувернерите и го честитаа стапувањето на функцијата на министерката Ангеловска, при што беше истакнато дека е од голема важност да се продолжи со добрата координираност на монетарната и фискалната политика, бидејќи таа е и еден од предусловите за стабилна и просперитетна економија.

    Тимовите на двете институции и натаму интензивно ќе работат на задржување на макроекономската и финансиската стабилност и нa целосно остварување на повеќе започнати, заеднички проекти, како и на сето она што треба заеднички да го остварат во рамки на тековните институционални активности. Истовремено, како што беше кажано од соговорниците, заеднички активно ќе се работи и на поттикнување и поддржување што поголема финансиска инклузија. Сето ова на среден и долг рок треба да придонесе за поповолен амбиент за економски раст чии придобивки ќе ги почувствуваат сите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично