ПОВЕЌЕ

    Мајкрософт купи гигантско студио за видео игри за 7,5 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Мајкрософт успеа да направи вистинска бомба во гејмерската индустрија, со купувањето на Бетесда и сите нејзини франшизи и студија! И не само тоа, Мајкрософт не ја купи директно Бетесда, туку нејзиниот сопственик Зенимакс.

    За 7,5 милијарди долари, Мајкрософт под негов покрив има уште 2.300 развивачи и луѓе од гејмерскиот свет ширум светот. Мајкрософт и Бетесда претходно имаа меѓусебна соработка, пред се во форма на поддршка за Xbox Games, кој сега прерасна во нешто далеку поголемо, пренесува play.co.rs.

    Бетесда е дефинитивно гигант во индустријата за игри, бидејќи со себе носи некои од најпопуларните франшизи, како што се Doom, The Elder Scrolls, Wolfenstein, Fallout и многу други. Оваа компанија со себе носи и 9 студија што работат на голем број споменати франшизи.

    Бетесда немаше големи најави оваа година, но ова сигурно ќе биде одлична вест, бидејќи тие ќе имаат целосна поддршка од компанија полна со ресурси, така што работата на The Elder Scrolls VI и Starfield се надеваме дека ќе се забрза.

    Мајкрософт со присвојување на Бетесда ги презема овие франшизи:

    1. The Elder Scrolls
    2. Fallout
    3. Wolfenstein
    4. DOOM
    5. Dishonored
    6. Prey
    7. RAGE
    8. Quake
    9. Starfield
    10. Bethesda Softworks
    11. Bethesda Game Studios
    12. id Software
    13. ZeniMax Online Studios
    14. Arkane
    15. MachineGamesGameworks
    16. Tango
    17. Alpha Dog
    18. Roundhouse Studios
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично