ПОВЕЌЕ

    Мицкоски и Макрон имале пријателска средба – разговарале отворено и директно

    Време зa читање: < 1 минутa

    Премиерот Христијан Мицкоски во Тиват остварил пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Во црногорскиот приморски град се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан.

    „Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме“, соопшти Мицкоски преку социјалните мрежи.

    Притоа, истакнува дека Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања.

    „Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка“, вели Мицкоски.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично