ПОВЕЌЕ

    Македонската Банкарска Асоцијација: Граѓаните кои имаат потреба да побараат од банките да им го одложат плаќањето на кредитите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Македонската банкарска асоцијација ги потсетува граѓаните кои имаат потреба од втор период на одложена отплата на кредитните обврски да ПРИСТАПАТ ДО СВОЈАТА БАНКА и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата.

    Граѓаните треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата по што барањата ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука за која тие ќе бидат известени.

    Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од ковид-кризата може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

    Секако, граѓаните при променети, подобрени услови ќе можат да побараат од својата банка да се вратат во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените 6 месеци.

    Детални информации деловните банки и штедилници веќе објавуваат на своите интернет-страници а се достапни и на интернет-страницата на Македонска банкарска асоцијација www.mba.mk.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично