Овогодинешн то издание на Мажи на годината оваа година, поради предизвиците со корона вирусот и пандемијата која го зафати целиот свет, се одржа во едно комплетно различно руво од досегашното.
Оваа година настанот се емитуваше на МРТ1 и беше во формат на ТВ шоу, каде почитувајќи ги сите протоколи за заштита од медицинските власти ги доделивме наградите на 13 најуспешни Мажи во Македонија за 2020 година.
Генералниот директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши беше избран за Маж странец на годината во Македонија за 2020 година.
МАЖИ НА ГОДИНАТА е настан кој се организира со цел да ги обедини и поврзе на едно место најуспешните мажи во Македонија, да ги промовира добрите навики и успеси кои ќе бидат вистински мотив за секој од нас. Овој настан има за цел да го подигнат квалитетот на животот и личниот развој кај секој од нас, истовремено оставајќи позитивна слика во јавноста.
Потребата од ваков настан е само едно убаво освежување во медиумскиот простор и искрено веруваме дека ќе успееме да внесеме една нова енергија, која во оваа година ни е повеќе од потребна.
“Среќни сме како организатори на првиот официјален избор на мажи на годината и покрај сите предизвици пред кои се соочивме годинава, што успеавме да ги прославиме и оваа година најуспешните мажи кај нас. Среќни сме што заедно со нашиот тим донесовме една позитивна енергија во ова тешко време и ги славиме и наградуваме успесите со цел да промовираме позитивна енергија која би сакале секој од вас да ја носи во себе. Благодарност до сите медиуми и жири комисијата кои ни дадоа максимална поддршка во текот на овие неколку недели. Посебна благодарност до МРТ кои оваа година го препознаа овој настан, и овозможи целокупната јавност да има можност да ужива во овој настан.“ – изјавија од организаторите.
Изборот на Мажи на годината е во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.