ПОВЕЌЕ

    Мастеркард ги зголеми таксите за Британците за пет пати

    Време зa читање: < 1 минутa

    Мастеркард објави дека на клиентите од Велика Британија кои купуваат од ЕУ, сега ќе им биде наплатено пет пати повеќе отколку што беше пред Брегзит, во таканаречените „надоместоци за размена“ на кредитни картички, според извештаите.

    Зголемувањето на таксата ќе стапи на сила на 15 октомври, објави Charged Retail.

    Мастеркард собира меѓубанкарска провизија во име на банките секој пат кога се извршува трансакција со употреба на нејзините картички, кои се ограничени на 0,2% од вредноста на трансакцијата во 2015 година.

    Бидејќи Обединетото Кралство веќе не е дел од ЕУ, ограничувањето од 0,2% повеќе не важи, а Мастеркард ја зголеми таксата на 1,15% за клиентите во Велика Британија, објави Charged Retail.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично