ПОВЕЌЕ

    Мартовските пензии со зголемување од 1.000 денари ќе се исплаќаат од 29-ти

    Време зa читање: 2 минути

    Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2022 година, и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година, а на деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2022 година.

    Во пензиите за месец март се вклучени првите 1.000 денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и мајската пензија.

    За исплатата на пензиите на својот ФБ профил информираше и премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочи дека со оваа исплата, почнува реализацијата на финансиската поддршка за сите пензионери во време на криза.

    -По дополнителни 1000 денари на својата сметка ќе добива секој пензионер за март, април и мај. Оваа парична поддршка, заедно со рекордното покачување на пезниите и новата методологија се влог во поквалитетен живот на највозрасните граѓани, пишува премиерот Ковачевски на Фејсбук.

    Инаку, деловните банки, преку своите филијали и експозитури ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата, и тоа:

    – За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник);

    – За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);

    – За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и

    – За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично