ПОВЕЌЕ

    Малите и средни фирми ќе се кредитираат со 60 милиони евра од Европскиот инвестициски фонд

    Време зa читање: 2 минути

    Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ), дел од Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ), потпиша договори со 11 банки и финансиски посредници во економиите на Западен Балкан, во вкупен износ од над 750 милиони евра. Од нив, околу 60 милиони се за Македонија. Средствата се доделуваат во рамките на ЕУ иницијатива „Гаранција за отпорност на МСП“.

    „Овие финансиски ресурси се наменети да го зголемат пристапот до финансии кај малите бизниси и да ја подобрат нивната отпорност на тековни економски непогоди, истовремено создавајќи услови за проширување на бизнисот, вработување и иновации. Во Северна Македонија, оваа платформа се очекува да распореди заеми во вкупна вредност од 60 милиони евра достапни под поволни услови за кредитирање на околу 1.100 мали и средни претпријатија, притоа одржувајќи над 15.000 работни места“, информираа од Делегацијата на ЕУ.

    Инаку, гаранциите на ЕИФ досега во земјава обезбедиле околу 225 милиони евра за повеќе од илјада мали и средни претпријатија, што помогна да се одржат 64.000 работни места.

    Од Делегацијата посочуваат дека МСП, кои се столб на македонската економија, ќе можат да добијат кредити под поповолни услови, што ќе им овозможи да инвестираат во нови технологии, да ги подобрат деловните, менаџерските и техничките капацитети, да промовираат раст, да станат поотпорни и поконкурентни.

    Централната мисија на ЕИФ е да ги поддржува микро, малите и средни претпријатија помагајќи им да пристапат до финансии.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично