ПОВЕЌЕ

    Како една мала европска земја успеа да ги надмине економиите на  Шпанија и Италија?

    Време зa читање: 2 минути

     

    Иако Чешка во моментов се бори со голем број нови случаи на корона вирус, нејзината економија се смета за успешна, со оглед на тоа што земјата успеа да напредува многу значително во текот на неколку децении, особено кога станува збор за животот на граѓаните.

    Чехословачка се подели на Чешка и Словачка на 1 јануари 1993 година, а потоа секоја од овие, сега независни земји, тргна да формира свој пат.

    Интересно е што старата Југославија порано беше поим за слобода и напредок за Чесите и Словаците, а потоа во раните 90-ти таа слика започна да се менува, бидејќи се распаѓаше држава составена од шест републики.

    Во меѓувреме, европската земја, која меѓу туристите најмногу се прослави со прекрасниот град Прага, успеа да надмине две силни економии – Шпанија и Италија според БДП по глава на жител.

    Оваа мала, посткомунистичка земја бележи БДП по глава на жител од 38.120 меѓународни долари во последната година, што е пресметано врз основа на паритетот на куповната моќ, а анализата ја направи ММФ.

    Во Италија, таа бројка е 37.905 долари, а во Шпанија 36.086 долари.

    Она што сепак не треба да се игнорира е фактот дека за оваа анализа беа земени податоци од 2020 година, година во која Шпанија и Италија беа екстремно погодени од корона вирусот.

    Сепак, ММФ проценува дека Чешка може да го задржи лидерството над овие земји дури и по кризата. Согласно прогнозите Чешка ќе го продолжи растот и во наредните години, сè додека не се најде на 25-тото место на светската листа на земји со најголем БДП по глава на жител.

    Ако им се верува на проценките на ММФ, Чешка може да ги надмине Нов Зеланд и Јапонија до 2025 година, во однос на овој индикатор. Сепак, сè е сè уште неизвесно, бидејќи Чешка сега се бори со растот на бројот на нови пациенти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично