„Челикот можеби е индустрија од 19-тиот век, но денес е клучен за зелената транзиција! Ветерници, соларни панели, енергетска инфраструктура – сè зависи од челикот. Димитар Цветковски од Макстил објаснува како македонската индустрија може да се вклучи во овој процес и да извезува на нови пазари!“
Одговорите во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кој се емитува премиерно секој четврток, а се гледа секогаш кога ќе се посака.
„Значи, сите, да кажеме само ветерните паркови, практично најголем дел од конструкцијата на тие ветерни паркови се кули направени од челик. Оптимизирање на транспортите, новите технологии за бродски транспорт, новите технологии за железнички транспорт, во сето тоа е поврзана челишната индустрија. Освен тоа, да речеме, и во челичната индустрија има на некој начин два основни процеса.
Едниот процес е тој интегрален процес каде што се произведува од руда, кој што е прилично загадувачки. Новиот процес кон кој што, да речеме, се прави некое пренасочување на новите инвестиции е производство на рециклиран челик. Затоа што челикот како материјал можеби да е најпогоден материјал, најодржлив материјал во историјата на човештовото затоа што е употреблив повеќе пати, неограничен број пати.
Целосно може да се рециклира и може да се употребува неограничен број пати.!“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот, на нашиот ЈуТјуб канал. Не заборавајте да притиснете „сабскрајб“ и да го следите нашиот канал!“