ПОВЕЌЕ

    Македонија осигурување добитник на наградата „Гунтер Гејер“ за општествена свест

    Време зa читање: 3 минути

    Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп е добитник на регионалната награда „Гунтер Гејер“ за општествена свест од ВИГ групацијата за 2022 година. Наградата, која компанијата ја добива втор пат, претставува поддршка на локалните буџети и овозможува натамошно помагање на локални проекти иницирани од небуџетни организации.

    Македонија осигурување е наградена за својата мисија насочена кон подобрување на живото на децата. Тоа го нагласи и регионалниот менаџер на ВИГ и претседател на Надзорниот одбор на Македонија осигурување-Виена Иншуренс Груп, Габор Лехел.

    „Одговорноста е една од основните вредности на ВИГ и со ова, ние пред се мислиме на нашето високо ниво на општествена одговорност. Тоа е многу позитивен знак дека нашите компании продолжуваат да покажуваат високо ниво на општествена посветеност, дури и во генерално тешки времиња со многу предизвици. Една од овие компании е Македонија осигурување, која е долгогодишен партнер на добротворната организација СОС Детско село, а исто така работи и со организацијата Проект среќа“, посочи Лехел.

    Одржливоста, одговорноста и довербата се вредности кои компанијата се труди да ги развива во секој аспект од работењето и делувањето, особено преку вклучувањето на вработените во општествено активните денови (Social Active Day), нагласи претседателот на Управниот одбор и генерален менаџер, Бошко Андов.

    „Нашите проекти за поддршка и унапредување на општеството се насочени во помагање на неколку сфери од живеењето: поддршка на ранливи групи, екологија и одржливост, спорт и култура. Сметаме дека едно општество може да биде здраво само ако сите заеднички се вклучиме во негово унапредување и делуваме здружно и несебично“, нагласи Андов.

    Признанија за општествена активност им беа доделени на организациите на кои Македонија осигурување им дава поддршка за нивните хуманитарни проекти и акции – СОС Детско село, Проект Среќа, Агенда 21, СУГС Јосип Броз Тито.

    Наградата за општествена свест „Гунтер Гејер“ се доделува секоја година на општествено активните компании од групацијата ВИГ. Наградниот фонд е во износ од 100 илјади евра, средства кои ќе се искористат како помош во реализацијата на општествени проекти. Македонија осигурување доби награда од 10 илјади евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично