ПОВЕЌЕ

    Мафијата во Италија започна да ги “брише” малите бизниси

    Време зa читање: 2 минути

    Мафијашите во Италија силно ја зголемија активноста за позајмување пари на мали компании кои тешко се справуваа со затворањето на економска активност за време на првиот бран на коронавирус, покажува извештајот на италијанската канцеларија за сузбивање на организиран криминал.

    Според Фајненшл тајмс, „пријателската рака на соработка“ подоцна скапо ги чинела претприемачите, кои – соочени со неможноста да го отплатат долгот – морале да ја предадат сопственоста на компанијата на криминалците.

    Значителен ризик

    Извештајот на Истражната управа (ДИА) посочува дека постои значителен ризик организираниот криминал да ја искористи економската криза во земјата предизвикана од пандемијата за да заземе значителен број мали компании, на кои претходно им даваше финансиска помош.

    Мафијашките групи „им нудат на компаниите кои имаат потешкотии, форма на социјална помош како алтернатива на институциите од јавниот и приватниот сектор, но потоа усвојуваат традиционални методи на заплашување со цел да ја преземат контролата над нивните економски активности“, се вели во извештајот.

    Извештајот го опфаќа периодот од јануари до јуни минатата година. ДИА смета дека постои ризик бизнисот на некои мали и средни компании да биде „проголтан“ од криминалци на среден рок, што ќе го направи инструмент за перење пари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично