ПОВЕЌЕ

    Лист на плати во Германија: Колку заработуваат банкари, инженери, медицински сестри

    Време зa читање: 2 минути

    Федералната агенција за вработување во Германија објави список на плати во земјата.

    Ова е список на плати за 2019 година и ја покажува просечната бруто плата на најпопуларните занимања во Германија.

    1. Медицинска сестра заработува 3.547 евра
    2. Пекар 3.502 евра
    3. Продавач на слатки 1.839 евра
    4. Возач на багер 3.421 евра
    5. Службеник во банка 4.875 евра
    6. Градежен инженер 5.246 евра
    7. Професионален возач 2.556 евра
    8. Лица кои местат кровови 3.265 евра
    9. Електричар 3.143 евра
    10. Електро механичар 3.694 евра
    11. Грнчар 3.003 евра
    12. Фризер 1.684 евра
    13. Водоводџија 3.056 евра
    14. Касиер 2.214 евра
    15. Келнер 1.934 евра
    16. Готвач 2.284 евра
    17. Сликар 2.776 евра
    18. Ѕидар 3.214 евра
    19. Столар 3.153 евра

    Но, тоа се износите што работникот ги добива на рака, бидејќи државата прво зема дел таа сума преку даноци и придонеси. Се плаќаат и црковни даноци.

    Износот на одземениот данок од платата зависи од даночната класа на работникот, а при пресметката, улогата ја игра дали работникот е оженет или сам, дали е самохран родител, колку деца има и други податоци.

    Германците имаат шест даночни класи. Третиот тип данок, на пример, се препорачува за сопружници чиј партнер нема приход или неговиот приход е многу помал, додека четвртиот се препорачува за брачни парови кои заработуваат приближно иста плата. Колку е поголема платата, толку е поголема разликата во промената на даночните класи.

    На нето-платата во Германија влијаат повеќе фактори, од даночната класа до бројот на деца, црковниот данок и осигурувањето.

    Ако, на пример, некој има бруто плата од 3.000 евра, нето платата во првата даночна класа ќе биде 1.938 евра, во втората 1.991, во третата 2.226, во четвртата 1.938, во петтата 1.575 и во шестата 1.533 евра.

    Германија исто така има одредена минимална час стапка. На почетокот на оваа година имаше зголемување на минималната плата на час работа од 9,19 на 9,35 евра за час работа.

    Минималната часовна стапка беше воведена во 2015 година и изнесуваше 8,50 евра. Оттогаш, тој постојано расте, а до средината на 2022 година, според проценките, треба да изнесува 10,45 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично