ПОВЕЌЕ

    Креаторот на Етериум стана милијардер

    Време зa читање: < 1 минутa

    Виталик Бутерин, 27-годишен руско-канадски програмер, го создаде Етериум во 2013 година кога имал 19 години. Криптовалутата беше лансирана во 2015 година, а сега Бутерин држи околу 333.500 вакви парички.

    Ако тоа го помножите со рекордно високиот етер од 3.500 американски долари што вредеше оваа крипто валута во вторникот, ќе добиете повеќе од 1,1 милијарди долари.

    Цените на Етериумот се зголемија за четири пати во 2021 година и пораснаа за 375%. Оваа криптовалута во моментов е втора по големина дигитална валута според пазарната вредност – вреди нешто помалку од половина од пазарната капитализација на биткоинот. Според CoinMarketCap, вкупната вредност на целиот Eтереум во оптек сега изнесува околу 403 милијарди долари. Цената на еден етер во вторникот беше 3.482 долари, пишува Си-Ен-Ен.

    Иако инвеститорите купуваат и продаваат илјадници различни крипто-валути – вклучително и Dogecoin поттикнат од твитовите на Елон Маск – етерот и биткоинот сочинуваат скоро две третини од вкупниот глобален пазар на крипто од 2,3 милијарди долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично