ПОВЕЌЕ

    Во услови на Ковид 19 расте бројот на корисници на социјалните мрежи

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во новата реалност на пандемија предизвикана од Ковид-19 и примена на мерките за физичко дистанцирање, расте бројот на социјална конекција преку интернет мрежите, оценува Евростат.

    Учеството на социјалната мрежа вклучува активности како што се создавање кориснички профил, објавување пораки или други активности преку социјалните мрежи.

    Меѓу земјите членки на ЕУ, стапката на учество на социјалните мрежи е највисока во Данска (81%), понатаму Белгија (76%), Кипар и Шведска (и 72%) и Малта (71%). Под 50% учество на социјалните мрежи имаат две земји-членки: Франција и Италија (со 42%).

    Од младата популација во ЕУ на возраст од 16 до 24 години, скоро 9 од секои 10 учествувале на социјалните мрежи (86%). Овој удел се движи од 73% во Италија, и 74% во Франција, до 98% во Кипар.

    Меѓу постарите лица на возраст од 65 до 74 години, скоро една петтина (18%) учествувале на социјалните мрежи. Овој удел се движи од 9% во Бугарија до 51% во Данска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично