ПОВЕЌЕ

    КОВАЧЕВСКИ ЗА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ: Одлуките на Уставен суд се финални, мора да се најде системско решение

    Време зa читање: 2 минути

    Одлуката на Уставен суд е финална во државата. Со која одлука ќе поништите одлука на Уставен суд? Уставниот суд постои за да биде финален арбитар на она што се случува во законодавството, вели премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека во однос на функционерските плати мора да се дојде до уставно одржливо решение.

    „Мора сите чинители во општеството да седнат на маса и да се направи решение кое ќе биде уставно издржано“, посочи премиерот. Според него, има иницијатива и работна група која работи на проблемот, но потребна е усогласеност од сите чинители.

    „Не можете да вратите одлука на Уставен суд. Затоа велам дека сите чинители во општеството ќе мора да седнат на маса, бидејќи само така може да се направи системско решение“, рече Ковачевски, посочувајќи дека од 1.100 избрани и именувани лица, само 42 се од Владата, а 120 се пратеници, 80 градоначалници и над 700 судии и обвинители.

    „Висината на платите е регулирана согласно седум закони, при што во еден од нив стои дека не може да се намалува плата на суд. Втора работа е што Владата не може да определува плата на пратеници, бидејќи тие ја бираат Владата и затоа уште пред година и пол кажав дека решението треба да е системско, во кое ќе се каже која е највисоката плата и потоа да се направи градација“.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично