ПОВЕЌЕ

    Ковачевски: ММФ ги поддржува нашите заложби за одржлив економски развој

    Време зa читање: 2 минути

    Соработката ќе продолжи и во иднина, а ММФ ќе ги поддржи заложбите за натамошно намалување на буџетскиот дефицит, борбата против инфлацијата, заштитата на финансиската стабилност, подобрувањето на животниот стандард со зголемување на инвестициите, растот на продуктивноста и забрзувањето на зелената транзиција. Ова е констатирано на средбата што премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими, ја остварија со делегација од ММФ составена од досегашниот и новиот шеф на мисијата во Македонија, Жак Миниан и Анет Кубе, како и алтернативниот извршен директор Лук Дресе.

    Како што се наведува во владиното соопштение, премиерот се заблагодарил што ММФ ги препознава и поддржува владините економски политики и за континуираната поддршка на земјава, со која оваа меѓународна финансиска институција има значителен придонес во зајакнувањето на политиките и усогласувањето на правните и регулаторни рамки со стандардите на ЕУ, што е клучно во процесот на пристапување на земјава кон европското семејство.

    Воедно, Ковачевски истакнал дека на среден рок главната владина определба е постигнување одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи. Притоа, нагласил дека само стабилни јавни финансии можат да обезбедат долгорочен раст и развој на земјава, подобрување на животниот стандард на граѓаните, што е клучно државата да се движи напред на патот на евроинтеграциите.

    Средбата е одржана по завршувањето на мисијата на ММФ во земјава за членот IV во Република Северна Македонија. Овие мисии се одржуваат еднаш годишно, кога се скенираат макроекономската рамка, како и управувањето со фискалната и монетарната политика.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично