ПОВЕЌЕ

    Ковачевски: МЕМО ќе овозможи транспарентност кај цените на срујата

    Време зa читање: 1 минутa

    Создавањето на националната берза на електрична енергија – МЕМО ќе го означи и чекорот кон поврзување на домашниот со соседните, а ќе стане дели и од европскиот пазар. За плановите за стартување на оваа берза, како и за потребните предуслови за нејзино функционирање, премиерот Димитар Ковачевски разговараше со претставници на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД. При што нагласи дека нашето законодавство е прилагодено на она од ЕУ, што е веќе добра основа за да се направи овој важен чекор.

    Берзата на електрична енергија е пракса  во светот. Придобивките од неа се транспарентна цена за мегаватчас електрична енергија за секој час во текот на едно деноноќие, а струјата ќе може да се купува и продава по цени формирани само од понудата и побарувачката за електрична енергија.

    Џери Дибл, претставник на УСАИД во земјава, нагласи дека Агенцијата обезбедува континуирана поддршка на Северна Македонија во делот за реформските процеси во секторот енергетика, вклучувајќи ги и напорите кон понатамошно интегрирање во регионалниот и европскиот енергетски пазар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично