ПОВЕЌЕ

    И функционерските примања ќе се регулираат со законот за плати

    Време зa читање: 2 минути

    Платите на функционерите ќе се регулираат со законот што е во изработка, но недозволиво е претседател на држава да има пониска плата од секретарка во АЕК или од директор на јавно претпријатие, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

    „Од Одлуката на Уставен суд, со која се зголемија платите на функционерите, поминаа четири и пол месеци и законот е во фаза на изработка. Владата пристапи кон изработка на закон за плати кој ќе треба да ја регулира највисоката плата во државата и согласно соодветни критериуми да ги регулира и другите плати. Се работи за исклучително комплексен закон за кој треба да бидат консултирани и оние кои не се дел од извршната власт“, посочи Ковачевски кој денес беше во посета на скопската компанија „Дата мастерс“.

    Освен тоа, повторно нагласи дека функционерите не ги зголемија сами своите плати, нивните примања се усогласија со Одлуката на Уставниот суд.

    „Платите на 44 членови на Влада, градоначалници, пратеници, судии, обвинители… претходно беа замрзнати противуставно и противзаконски од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ, за што тогашниот Уставен суд никогаш не расправаше. Сегашниот расправаше и рече дека е противзаконско замрзнување на платите, бидејќи се дојде во ситуација министер за финансии и претседател на држава да имаат пониска плата од секретарка во АЕК или директор на јавно претпријатие“, е ставот на Ковачевски.

    Како што наведе, тоа го согледал уште пред одлуката на Уставниот суд и иницирал донесување на закон за плати. Бил мотивиран од фактот дека директорско место во јавно претпријатие или секретарско во регулаторна агенција носи поголема плата од претседател на држава, што е недозволиво.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично