ПОВЕЌЕ

    Ковачевски: ЕУ ја воведе нелегалната такса за транспортот на рускиот гас

    Време зa читање: 3 минути

    Таксата за транспорт на рускиот гас низ Бугарија во износ од повеќе од 10 евра за мегават час е нелегална. Затоа, државата ќе ги искористи сите правни можности за нејзино отстранување, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

    „Се работи за нелегално воведена такса која треба да се отстрани или да биде зголемен капацитетот на постоечкиот гасовод, со што би се овозможило земјата да се снабдува од други извори. Ние ќе ги искористиме сите правни можности кои и се даваат на една суверена држава и пред ЕУ и пред другите меѓународни институции“, одговори на новинарско прашање Ковачевски, на заедничката прес-конференција со премиерката Ана Брнабиќ во Владата на Србија.

    Всушност, тоа е такса воведена од Унијата, посочи премиерот.

    „Сите сакаат да кажат дека тоа е такса која ја воведе Бугарија. Тоа е точно. Но, мора да знаеме дека Бугарија е членка на ЕУ и не може таа од утрото да биде земја – членка на ЕУ кога ќе стави, на пример, вето, а попладне да не биде членка и потоа да воведе такса од 10 евра за гасот кој се транспортира низ Бугарија“, вели Ковачевски, додавајќи дека ова прашање го упативме и до ЕУ и до Бугарија, а разговарано е и со тамошната влада.

    Дополнителен проблем на Македонија е што целиот капацитет на гасот и интерконекторот во Жидилово на границата со Бугарија, кој е единствен што во моментов го имаме, е даден на стопроцентен закуп на Газпром од страна на Бугарија.

    „Минатата година успеавме да го зголемиме капацитетот на тој гасовод и да обезбедиме снабдување со гас и од други извори, а не руски. Набавувавме гас од Азербејџан, од САД, а тоа барање го имаме и оваа година – тој капацитет да се ослободи за да набавуваме и од други извори на гас покрај рускиот“, наведе премиерот.

    Премиерката Брнабиќ, која се согласуи со ставот на Ковачевски, очекува поддршка од ЕУ и разбирање од Бугарија.

    „Во се се согласувам со мојот колега Ковачевски и се разбира, ќе работиме на ова заедно. Покрај тоа, ние до крајот на оваа година треба да го завршиме и дополнителното поврзување на гасната инфраструктура со Бугарија, значи гасниот интерконектор Ниш – Димитровград, за да се приклучиме на алтернативни извори на гас. Предвидливоста е клучна кога планирате енергетска политика и кога планирате инвестиции во енергетската инфраструктура, така што заедно ќе се занимаваме со ова прашање. Како што рече Ковачевски, тука ја очекуваме и поддршката од ЕУ и разбирањето од колегите во Бугарија, посочи Брнабиќ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично