ПОВЕЌЕ

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СО ТРИ НАГРАДИ ОД МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА – прогласена и за најтранспарентно котирано акционерско друштво во 2023 година

    Време зa читање: 2 минути

    Со три награди доделени од Македонската берза, Комерцијална банка оваа година е вистински шампион во берзанското тргување.

    Комерцијална банка е прогласена за „Најтранспарентно котирано акционерско друштво во 2023 година – по избор на пазарните учесници“ и се стекна со традиционалната награда на Македонската берза – Кристално ѕвоно.

    Трета година по ред Банката ја доби и наградата „Акција со најголем промет во тргувањето во 2023 година – компании со пазарна капитализација над 50 милиони евра“. Комерцијална банка оваа година е и компанија чија акција во тргувањето на Македонската берза оствари најголем пораст на цената во делот на компании со пазарна капитализација над 50 милиони евра.

    Со овие награди Комерцијална банка добива уште едно признание за атрактивноста на акцијата, која вообичаено е една од најтргуваните на Македонската берза, и за исклучителната корпоративна одговорност на Банката кон инвеститорската јавност.

    Д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, примајќи ги наградите, им се заблагодари на сите кои покажаа интерес и доверба во акцијата на Комерцијална банка. Таа верува дека Комерцијална банка и понатаму ќе ја оправдува довербата на инвеститорите.

    Годишните награди на Македонската берза се јавно признание на компаниите кои во тековната година биле најактивни и најпрепознатливи на домашниот пазар на капитал.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично