ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка добитник на наградата „Most Active Issuing Bank in 2019 in North Macedonia”

    Време зa читање: < 1 минутa

    Европската банка за обнова и развој ѝ ја додели на Комерцијална банка наградата „Most Active Issuing Bank in 2019 in North Macedonia”.

    Наградата е објавена во најновиот број на списанието „Trade Exchange Magazine“, што е наменето за стручната јавност во Европа, Азија и Африка од областа на меѓународните инструменти за финансирање на трговијата.

    Со тоа, тимот за документарно работење на Банката, уште еднаш ја потврди својата посветена работа и високиот степен на ефикасност.

    Ова исклучително признание претставува причина плус за понатамошното унапредување на целокупната работа, велат од Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично