На автомобилскиот пазар во Македонија минатата година се свртела сума од 332,5 милиони евра и направена е добивка во износ од 13,6 милиони евра, покажува анализата на „Таргет Груп“.
Дури 17,6 отсто од вкупните приходи отпаѓаат на приходите што ги прави Порше Македонија. Додека 16,9 отсто од вкупната добивка направена во овој бизнис отпаѓаат на Порше Македонија. Компанијата воедно е и најголем работодавач во дејноста трговија со моторни возила.
Порше Македонија со најголеми приходи и добивки, Мак Аутостар втора најголема добивка во текот на минатата година
Најголем приход и добивка во овој бизнис има Порше Македонија, а тоа го покажуваат анализираните податоци за последните две години. Па така, лани во оваа компанија се свртела сума од 58,6 милиони евра, што е намалување за 11 отсто во однос на претходната година. Во оваа компанија каде работат 113 луѓе, минатогодишната добивка изнесувала 2,3 милиони евра и истата е зголемена за 7 отсто во однос на претходната година. Со тоа, добивката по вработен во Порше Македонија на годишно ниво изнесува повеќе од 20 илјади евра.
Автонова е салонот во кој е свртена втората најголема сума во овој бизнис. Станува збор за фирма која е групата на големи компании и каде лани се направени приходи од 31,2 милиони евра. Оваа сума во однос на претходната година е зголемена за 19 отсто. Во салоните на Автонова, каде има 42 вработени, минатата година реализирана е добивка во износ од 1,7 милиони евра, што е трет најголем износ на добивка во овој сектор. Со тоа, добивката по вработен во Автонова на годишно ниво изнесува 40.400 евра.
Мак аутостар е компанија која има втора најголема добивка направена во текот на минатата година. Односно, лани во автосалоните на Мак аутостар направена е добивка од 1,9 милиони евра, што во однос на претходната година има намалување од три отсто. Во оваа компанија, која е од групата н големи бизниси, работат 77 луѓе. Со тоа, добивката по вработен на годишно ниво е околу 24.600 евра. Во компанијата лани се свртела сума од 25,1 милиони евра, што во однос на претходната година е зголемување з 27 отсто.
Во Еуроимпекс, минатата година се свртела сума од 26,2 милиони евра, но овие приходи во однос на претходната година се намалени за четири отсто. Но, освен пад на приходите Еуроимпекс бележи и пад на добивката и тоа за 42 отсто. Односно, минатата година овој автосалон има добивка од 277.500 евра. При тоа, бројот на вработени е 79. Ако се спореди добивката со бројот на вработени, излегува дека на годишно ниво – добивката по вработен во компанијата изнесува 3.500 евра.
Автосалоните на Кореа аутотрејд ја имаат петтата најголема добивка во автомобилскиот бизнис во земјава. Минатата година во оваа компанија се свртела сума од 18,3 милиони евра, што е намалување за 22 отсто во однос на претходната година. Но за разлика од падот кај приходите, добивката е зголемена за 38 отсто минатата година споредено со претходната. Односно, минатогодишната добивка во оваа компанија која по големина е средна, изнесува 495 илјади евра. Компанијата има 25 вработени. Добивката по вработен на годишно ниво во овие автосалони изнесува 19.800 евра.
Во салоните на Автомобиле СК минатата година во однос на преходната е забележан раст на приходите и пад на добивката. Во оваа компанија која е во групата на големи,минатата година се свртела сума од 16,8 милиони евра, што е десет отсто повеќе од претходната година, додека пак направена е добивка во износ од 818 илјади евра, што е намалување од осум отсто во однос на претходната година. Во Автомобиле СК лани имало 51 вработен, со што добивката по вработен на годишно ниво во оваа компанија изнесувала нешто повеќе од 16 илјади евра.
Во средната по големина компанија која го носи називот Тојота авто центар, минатата година направени се приходи во износ од 15,3 милиони евра, што е раст од 25 отсто во однос на претходната година. Во истиот период во автосалоните на оваа компанија направена е добивка во износ од 919 илјади евра, што пак е зголемување од 78 отсто во однос на претходната година. Во компанијата работат 30 луѓе, а гледано низ призмата на добивката излегува дека, минатата година добивката по вработен на годишно ниво изнесува 30.600 евра.
Во салоните на Автомотиве груп, компанија од средна големина, минатата година има раст на приходите и добивката споредено со претходната година. Приходите се зголемени за 17 отсто, па така лани изнесувале 13,9 милиони евра, додека добивката има раст од 40 отсто и изнесува 185.300 евра. Во оваа автокуќа лани имало 45 вработени, што значи дека добивката по вработен на годишно ниво е околу 4.100 евра.
Следуваат автосалоните на Аутомобили гроуп , каде минатата година е направена добивка во износ од 10,1 милиони евра и истата во однос на претходната година е намалена за 26 отсто, додека пак добивката е намалена за 46 отсто и изнесувала 223.400 евра. Во оваа компанија минатата година работеле 13 луѓе. Добивката по вработен во овие автосалони изнесува околу 17.800 евра на годишно ниво.
Уште една компанија на автомобилскиот пазар, која воедно има најголем раст на добивката и на приходите во текот на минатата година е компанијата М КАР. Приходите во оваа компанија, минатата година се зголемени за 52 отсто во споредба со претходната и изнесуваат 9,7 милиони евра, додека добивката има огромен раст од 140 отсто. Па така миинатата година изнесува 584.100 евра. Со тоа, добивката по вработен во оваа компанија, каде лани работеле 24 луѓе изнесува 24.300 евра.
Приходи и добивки за 2019 година
Автосалон | Приходи | Добивка |
---|---|---|
Порше Македонија | 58,600,000 € | 2,300,000 € |
Автонова | 31,200,000 € | 1,700,000 € |
Еуроимпек | 26,000,000 € | 300,000 € |
Мак аутостар | 25,100,000 € | 1,900,000 € |
Кореа аутотрејд | 18,300,000 € | 500,000 € |
Автомобиле СК | 16,800,000 € | 820,000 € |
Тојота авто центар | 15,300,000 € | 920,000 € |
Аутомотив груп | 13,900,000 € | 190,000 € |
Аутомобили гроуп | 10,100,000 € | 220,000 € |
М КАР | 9,700,000 € | 580,000 € |
Уште десет компании, односно МИ- ДА ГРАНД МОТОРС, МАН Импортер Македонија, Киа Моторс Мацедониа, Волво Македонија, Делукс Ауто, Миркат, Јосифов, Нико 2002, Динамикс и Сканиа Македонија, минатата година имаат приходи, кои се движат од 2,9 до 8 милиони евра, со што сите заедно имаа вкупен приход од 54,3 милиони евра. Нивната вкупна добивка пак изнесува 1,7 милиони евра.
Односно, сите овие десет автосалони заедно имаат добивка која е помала од приходите и добиваката што ја прави Порше Македонија. Тука, отскокнува само штипската Нико 2002, која има 3,2 милиони евра приходи во текот на минатата година, но нејзините приходи се 549.000 евра, односно третина од вкупната добивка на овие десет автокуќи.
Сите останати автокуќи заедно имаат вкупни приходи од 52,4 милиони евра, и добивка во износ од 2,3 милиони евра.
Извор на податоци: „БизнисМрежа.Мк“.
Анализа на податоци: Таргет Груп