ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во КаСис. Се бараат: Инженери на системи

    Време зa читање: 3 минути

    КаСис е во потрага по најдобрите!

    Инженери на системи – истапете еден чекор напред, токму вас ве бараме!

    Кои сме ние: Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис) – Модерна, стабилна, иновативна и напредна компанија.

    Што нудиме: динамика во текот на денот, пријатна атмосфера, постојана надградба на знаење и експертиза.
    Клучен израз во нашата компанија: тимски дух!

    Кого бараме: Инженер на систем (3 лица)

    • Инженерот на систем во КаСис е динамична личност која отворено комуницира, која презема иницијативи и која гледа авантура во секој нов ден поминат во компанијата.
    • Образованието кое го има стекнато е најмалку ВСП степен стручна подготовка – Електротехничи факултет / Факултет за информатички науки
    • Личност која на работата под притисок и справувањето со повеќе проекти и задачи во исто време во кратки временски рокови, гледа како на предизвик.
    • Личност насочена кон решавање на проблеми, чија прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето ќе бидат високо ценети во рамките на компанијата.
    • Добрите организациски вештини, личниот интегритет и професионалниот однос се на високо ниво – цениме професионална етика, и се придржуваме кон професионалноста во нашето бизнис секојдневие.
    • Нашиот иден инженер на систем одлично го познава англискиот јазик (читање и пишување), и не се двоуми да се впушти во жива конверзација на англиски јазик.
    • Претходното работно искуство навистина ни значи: секое претходно искуство поврзано со картично работење, платните системи и дигитални канали на плаќања ќе биде земено како предност како и познавање на Unix/Linux OS и бази на податоци (SQL/SQL Plus/MySQL/Oracle), како и претходни сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки.

    Кои се дневните обврски на еден Инженер на систем во КаСис?

    • Подготовка, инсталирање и тестирање на нови системи кои се во функција на обработка на трансакциите
    • Администрација на апликации задолжени за обработка на трансакции
    • Администрирање на канали на плаќање и веб сервиси
    • Анализа на податоци и разрешување проблеми
    • Изработка на кориснички упатства и технички спецификации

    Се пронајдовте во огласот? Не чекајте ни момент повеќе: вашето CV го очекуваме на e-маил: [email protected] или на адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.1 Скопје најдоцна до 30.06.2020 година.

    *Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Компанијата во рок од една година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично