ПОВЕЌЕ

    Капитал банка вработува референт на благајна

    Време зa читање: 2 минути

    Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција референт на благајна во Струмица.

    Работни задачи:

    • Работа на благајна;
    • Понуда и промоција на продуктите на банката;
    • Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот;
    • Издавање, прием, обработка и архивирање на апликации и останати документи поврзани со готовински и безготовински трансфери;
    • Администрирање и склучување на договори за денарски и девизни трансакциски сметки;
    • Администрирање и склучување на договори за денарски и девизни штедни влогови;
    • Издавање на парични картички и соодветни пинови;
    • Прием, враќање и внатрешна дистрибуција на меници;
    • Администрирање и склучување на договори за КИБС сертификати (Капитал Банка е локална регионална канцеларија на КИБС за издавање на нивните сертификати);
    • Полнење на банкомати;
    • Подготовка на извештаи на барање на директен претпоставен.

    Квалификации:

    • Потребно образование: Минимум ВСС

    Дополнителни квалификации:

    • Активно познавање на Англиски Јазик и
    • Познавање на Office пакет.

    Рок на избор 5 работни дена.

    Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт на Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].mk

    Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

    Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 04.10.2020 година.

    Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично