ПОВЕЌЕ

    Капитал Банка АД Скопје со добивка од 879.000 евра

    Време зa читање: 4 минути

    Капитал Банка АД Скопје, како и досега во своето над дваесетогодишно постоење, така и сега во услови на опкружување кои претствуваат предизвик за целокупната глобална економија, се стреми и силно чекори кон остварување на својата мисија за достигнување на највисок стандард на финансиски услуги, подршка во остварување на утврдените цели на клиентите преку овозможување на нови вредности.

    Во услови на специфична и тешко предвидлива економска и пазарна состојба, Банката во првите девет месеци од оваа година забележа исклучителна подготвеност и успешност во прилагодувањето на своите деловни активности на предизвиците кои беа и се поставени овој период на целата глобална економија, притоа покажувајќи ја својата општествена одговорност кон поранливите делови на економијата, благодарение на соодветното ниво на ликвидност, исклучителниот квалитет на сопствените средства како и солвентноста која повеќе од двојно повисока од законски минималното утврдено ниво.

    Финансискиот резултат на Капитал банка АД Скопје за периодот 01.01-30.09.2020 година е добивка од 54.260 илјади денари односно 879 илјади евра, кој претставува значително подобрување во однос на истиот период претходната година за нето износ од 66.495 илјади денари или 1.077 илјади евра.

    Нето приходите од камати на 30.09.2020 година изнесуваат 79.114 илјади денари и бележат зголемување од 4% во однос на истиот период претходната година. Приходите од камати изнесуваат 110.121 илјади денари и бележат зголемување од 3% во однос на истиот период претходната година. Расходите за камати се за 3% поголеми во однос на претходната година кои заклучно со 30.09.2020 година изнесуваат 31.007 илјади денари.

    Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2020 година изнесуваат 18.557 илјади денари и бележат пораст од 18% во однос на истиот период претходната година. Приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 10% изнесуваат 31.118 илјади денари, додека расходите за провизии и надоместоци изнесуваат 12.561 и се на исто ниво како и претходната година.

    Нето приходите од курсните разлики за периодот до 30.09.2020 година бележат пад од 41% во однос на претходната година и изнесуваат 2.419 илјади денари.

    Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 30.09.2020 година се за 4% поголеми во однос на истиот период претходната година и изнесува нето дополнителна исправка од 31.199 илјади денари.

    Трошоците за амортизација изнесуваат 3.878 и бележат намалување за 2% во однос на истиот период во претходната година.

    Трошоците за вработените изнесуваат 37.342 и бележат намалување за 28% во однос на истиот период во претходната година.

    Останатите оперативни расходи се на исто ниво како и претходната година и изнесуваат 32.029 илјади денари.

    Вкупната актива на Банката на 30.09.2020 година е на исто ниво како и претходната година и изнесува 2.554.147 илјади денари

    Парични средства и депозити кај НБРМ изнесуваат 393.697 илјада денари и бележат намалување од 29% во однос на истиот период претходната година. Се бележи намалување на благајничките записи за 93.961 илјади денари, додека денарските депозити во НБРМ бележат пораст од 2.640 илјади денари.

    Кредитите дадени на коминтентите на 30.09.2020 година изнесуваат нето 1.676.020 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година бележат пораст од 9% или 134.389 илјади денари. Kредитно портфолио на физички лица бележи пораст од 19% или 122.027 илјади денари. Кредитното портфолио на нефинансиски правни лица бележи зголемување од 1% или 12.362 илјади денари.

    Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 382.951 илјади денари во однос на минатата година се зголемени за 7% или 23.986 илјади денари. Зголемени се вложувањата во државни обврзници за 8% или 29.168 илјади денари, додека вложувањата во соственички хартии од вредност (акции) се намалени 100%.

    Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања изнесуваат 10.803 илјади денари и бележат намалување од 39% во однос на 30.09. претходната година.

    Вкупните обврски на Банката на 30.09.2020 година изнесуваат 2.189.854 илјади денари и бележaт намалување од 3% во однос на претходната година. Намалувањето во најголем дел е резултат на зголемувањето кај следните ставки:

    Депозитите на коминтентите на 30.09.2020 изнесуваат 2.031.922 илјади денари и бележат намалување од 3% или 59.672 илјади денари во споредба со претходната година. Депозитната база на физички лица бележи пораст од 1% или 17.227 илјади денари. Депозитите на нефинансиски правни лица бележат намалување од 18% или 51.157 илјади денари. Депозитната база на останатите финансиски друштва бележи намалување од 2% или 7.501 илјади денари. Депозити од нерезиденти бележат пораст од 5.595 илјади денари. Депозити од непрофитни институции бележат намалување од 23.836 илјади денари.

    Субординирани обврски на 30.09.2020 година изнесуваат 124.837 илјади денари и се на исто ниво како претходната година.

    Ревалоризациските резерви изнесуваат 35.262 илјади денари и се зголемени за 96% во однос на 2019 година, кое во најголем дел е ефект од преоценка на хартиите од вредност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично