ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на Стопанска банка а.д. Битола за претстојниот период?

    Време зa читање: 2 минути

    Во периодот што следува, сè поизвесно е дека глобалната економија ќе се соочи со пад предизвикан од здравствената криза од вирусот COVID-19.

    Пад на економската активност во втората половина од 2020 година, со сите последици што ги повлекува падот, се очекува и во домашната економија.

    Во согласност со проекциите на Народна банка на Р.С. Македонија, кај бруто-домашниот производ се предвидува пад и навлегување во негативна зона од -3,5% во 2020 година.

    Банката будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го приспособува своето работење на деловната клима и динамиката на пазарот, притоа водејќи прудентна политика првенствено насочена кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

    Интензивно ќе се работи на развој и понуда на производи приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица што ќе бидат најпогодени од очекуваната криза.

    Како една од најзначајните стратешки определби на Банката останува понатамошната дигитализација на дел од услугите и процесите, особено во услови на работење кога е неопходно сведување на минимум на физичкото присуство на клиентите во банките.

    Активно ќе се следи постоечкото портфолио на кредити со цел да се преземат навремени мерки при детектирани тешкотии во отплатата, а заради одржување на квалитетот на кредитното портфолио.

    Во сила остануваат поставените стратешки и деловни цели од Деловната политика, развојниот и финансискиот план, но доколку развојот на настаните наметне таква потреба Банката ќе пристапи кон ревидирање на поставените плански големини.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично