ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на Охридска банка АД Скопје за периодот што следи?

    Време зa читање: 2 минути

    Стратегијата на групацијата Штаермеркише Банк и Шпаркасен, АД Грац, Австрија е интегрирање на двата субјекта со што ќе се зајакне присуството на локалниот пазар, интегрираниот ентитет се очекува да има зголемен капацитет за кредитирање и  да може да сервисира поголем дел од потребите за кредитирање на водечките компании и со својата стручност и пристап да биде локална подршка за нивниот бизнис.

    За клиентите физички лица, како и малите и средни претпријатија ќе продолжи да се развиваат модерни и дигитални банкарски производи, како и целосен фокус на квалитетот на услугата за клиентите.

    Како еден од најголемите странски инвеститори во земјава, Групацијата Штаермеркише Банк и Шпаркасе, преку постоечките ентитети ке продолжи да ги интензивира своите активности за поддршка за привлекување на уште квалитетни стратешки странски инвеститори во земјата, активно промовирање и поддршка на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

    Согласно усвоената одлука на 44. Седница на Собранието на акционери за докапитализација на Охридска Банка, во Мај е реализирана приватната понуда на хартии од вредност на институционален инвеститор „ Штаермеркише Банк и Шпаркасен АД „ во вкупна продажна вредност од 615 милиони денари. Зголемувањето на средствата на Банката во износ од десет милиони евра ќе овозможи одржување на соодветно ниво на стапка на капитал согласно пропишаните стандарди со локалната регулатива, а од друга страна пак докапитализацијата ќе значи подршка на развојот на банката и одговарање на пазарните предизвици особено во оваа 2020 како предизвикувачка година, пред сè, од аспект на македонската економија како во сегментот население, така и во корпоративниот сегмент.

    Во услови на глобална пандемија на вирусот Ковид-19, Банката во целост ги почитува мерките донесени од Владата и НБРСМ, го приспособи своето работење согласно донесените уредби и дополнително превзеде активности за заштита на клиентите, како и вработените во Банката.

    Банката ги дефинираше критичните функции и потребните вработени за обезбедување на континуитет на клучните функции, обезбеди безбедно опкружување и обезбеди работење од далечина онаму каде што е можно, постои активно следење на приливите и одливите, паричните текови и комуникација од далечина со корисниците на кредити со значајна кредитна изложеност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично