ПОВЕЌЕ

    Каква ќе е иднината на „Еуроникел“ и на вработените – Синдикатот со писмо бара одговор од Комерцијална банка

    Време зa читање: 3 минути

    Што ќе биде со „Еуроникел индустри“, прашуваат од Синдикатот, во писмо адресирано до новиот сопственик Комерцијална банка, која претходно беше најголем доверител. Откако на лицитација даде најповолна понуда од речиси 37,9 милиони евра, во нејзина сопственост се недвижниот имот и опремата на поранешното „Фени“. Вработените сакаат да ги слушнат деталите за иднината на фабриката.

    „Од претставници на банката ни беше кажано дека имаме заеднички интерес, најодговорно да се чува имотот“, изјави за МИА претседателот на синдикалната организација, Миле Ѓорѓиев, кој додава дека Комерцијална е во сериозни преговори со заинтересиран инвеститор, кој во секој момент треба да даде одговор за преземање на фабриката. Но, ако повратниот одговор е негативен, тогаш Банката ќе ангажира четириесеттна лица за одржување на имото. Воедно, добиле информација дека Комерцијална банката прави напори да се врати ДДВ, со цел вработените во „Еуроникел“ да ја добијат октомвриската плата.

    Всушност, обраќањето до Банката е токму на таа тема – што со останатите вработени ако не се најде инвеститор, затоа што во фабриката работат околу 800 работници, кои не примиле две плати – октомвриската и ноемвриската, а почнувајќи од овој месец немаат ни здраствено осигурување, без кое, нагласуваат, не може да го чуваат имотот..

    „Ни беше кажано дека Банката од сопствени средства платила струја до 15 декември и ако има потреба ќе обезбеди струја за уште одреден период, со цел да се зачува вредноста на нејзиниот имот, а и ние како вработени да имаме надеж дека заинтересираниот инвеститор ќе ја купи фабриката, а ние ќе бидеме дел од неа. Без вработени што ќе му е опрема“, вели Ѓорѓиев.

    Инаку, со писмото се бара итно да се обезбедат пари за платите. Се посочува дека освен за октомври, нужено е да има средства и заа ноември, што ќе претставува сигурност дек во јануари ќе имаат здравствено осигурување.

    – Бараме, како што имате обезбедено струја со цел да не дојде до обезвреднување на имотот кој имате намера да го продадете, а ние вработените да го чуваме, да се обезбедат итно средства од ваша страна да се исплати плата за октомври, а со тоа да се добие здравствено осигурување за декември. Доколку до крајот на месецот не најдете инвеститор да се обезбедат средства и за плата за месец ноември, како ние би имале здравствено осигурување за јануари 2024 година, пишуваат од Синдикатот.

    Доколку во моментот нема доволно пари, од Синдикатот предлагаат Банката да инвестира, исто како што направила со плаќањето на струјата, а подоцна да си ги поврати средствата.

    „Доколку струјата ја третирате како нешто за што вие би немале можност да го наплатите од инвеститор, нека бидат и парите за плата на таа основа, бидејќи струјата не може без вработени да го чува имотот“, укажуваат синдикалците во писменото обраќање.

    Комерцијална банка преку ценовно чувствителна информација пласирана на Македонска берза, вчера извести: „На 11.12.2023 година во постапка за присилна наплата на побарувања од должникот ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО с.Возарци Кавадарци, Банката се стекна со сопственост врз недвижен и подвижен имот за вкупна цена од 37.897.993 евра“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично