ПОВЕЌЕ

    Како Елон Маск го заработи првиот милион

    Време зa читање: 2 минути

    Кога бил млад претприемач, на 25-годишна возраст, Елон Маск ја основаше Zip2 во 1995 година, со неговиот брат Кимбал и пријателот Грег Кири.

    На почетокот, Маск не можеше да си дозволи да живее под ќирија, па спиеше во седиштето на компанијата, што било мала изнајмена канцеларија во Пало Алто, Калифорнија, со еден компјутер.

    Тие инвестирале 28.000 долари во основањето на компанијата, и позајмиле дел од парите од нивниот татко, а дел добиле од луѓе кои верувале во нивната идеја.

    Во средината на 90-тите, Интернетот се ширеше, а весниците се обидуваа да најдат начин најдобро да го користат Интернетот. Zip2 наскоро ги придоби најголемите “играчи”, како Њујорк Тајмс и Чикаго Трибјун.

    Идејата беше навидум едноставна, со тоа што Маск ја комбинираше бесплатната база на податоци за дигитални мапи со деловната база на податоци на Пало Алта.

    Следната година, еден инвеститор инвестираше три милиони долари во компанијата. Тогаш тие ја сменија својата деловна стратегија, така што повеќе не продаваа готови билети и водичи, туку систем преку кој весниците можеа да создадат свои билети каде било во Америка. Zip2 стана клучна компанија во својата област.

    До 1998 година, тие веќе имаа 160 партнери меѓу новинските медиуми. Веќе следната година, Zip2 се здружи со Компак за да може да го искористи својот систем за да го подобри својот пребарувач АлтаВиста за 305 милиони долари. Маск доби 22 милиони во тој бизнис, и така тој стана милионер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично