ПОВЕЌЕ

    Каде живеат европските милијардери

    Време зa читање: 3 минути

    Минатата година беше повеќе од добра за милијардерите, вклучително и за европските. Европа сега има дури 628 милијардери, според списокот на милијардери на Форбс за 2021 година, 117 повеќе од претходната година.

    Нивното вкупно богатство е цели 3 трилиони долари – трилион долари повеќе од една година порано, пишува Форбс. Од ова е јасно дека европските милијардери, како и милијардерите во остатокот од светот, не биле особено погодени од короната. Токму спротивното.

    Да потсетиме, бројот на милијардери во светот порасна за дури 30%, според годишниот извештај на престижното деловно списание Форбс – сега има 2755 од нив, од кои 493 се нови членови на овој елитен клуб. Скоро 90% од нив денес се побогати отколку што беа пред пандемијата.

    Вкупното богатство на милијардери пораснало за дури 8 трилиони долари минатата година и сега изнесува околу 13 трилиони долари, се вели во извештајот на Форбс.

    Најбогатиот европеец е Бернард Арно, сопственик на Луј Витон, Кристијан Диор, Хенеси и други брендови.

    Патем, најбогатиот човек во светот Џеф Безос има 177 милијарди долари, што е 64 милијарди долари повеќе од минатата година.

    Втор најбогат е Елон Маск, основач, извршен директор и најголем акционер (21%) на производителот на електрични автомобили Тесла, сега тежи 151 милијарда долари, што е за цели 126 милијарди повеќе од минатата година.

    ТОП 10 милијардери во Европа

    Германија има 136 милијардери, Русија 117, Велика Британија 56.

    Европска земја со најмногу милијардери зад Германија е Русија, со 117 милијардери кои вкупно држат богатство од 583,9 милијарди долари. А најбогатиот Русин, барем според официјалните податоци, е Алексеј Мордашов со 32,6 милијарди долари. Мордашов е мнозински сопственик и поранешен сопственик на производителот на челик Северстал.

    Велика Британија има 56 милијардери со вкупно богатство од 213 милијарди долари, а најбогат Британец е Џејмс Ратклиф. Сепак, со 17 милијарди долари (6 милијарди повеќе отколку во 2020 година), тој е само на 117-то место на листата на Форбс. Ратклиф е основач, извршен директор и мнозински сопственик на хемискиот гигант Инеос.

    Европски милијардери по земја

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично