ПОВЕЌЕ

    Џек Дорси се повлекува од функцијата извршен директор на Твитер

    Време зa читање: 2 минути

    Американската компанија Твитер, која стои зад истоимената социјална мрежа, објави дека Џек Дорси одлучил да поднесе оставка од функцијата извршен директор, а на негово место Управниот одбор едногласно го именувал Парага Агравала.

    Решенијата на компанијата стапуваат на сила веднаш.

    Твитер објави дека Дорси ќе остане член на одборот до истекот на неговиот мандат во 2022 година. Брет Тејлор е назначен за нов претседател на одборот, наследувајќи го Патрик Пише, кој ќе остане во одборот и ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на Одборот за ревизија. Агравал е на Твитер повеќе од една деценија, а од 2017 година е главен директор за технологија.

    „Решив да го напуштам кормилото на Твитер бидејќи верувам дека компанијата е подготвена да оди напред во однос на визијата на нејзините основачи. Мојата доверба во Параг како нов директор на Твитер е длабока. Неговата работа во изминатите 10 години беше трансформативна. Длабоко сум благодарен за неговите вештини, срце и душа. Време е тој да ја води компанијата“, изјави Дорси.

    Брет Тејлор, новиот претседател на одборот на Твитер, му се заблагодари на Дорси за „неговото визионерско лидерство и бескомпромисна посветеност на Твитер од неговото основање“.

    „Џек се врати на Твитер и ја сврте компанијата во најкритичното време. Напредокот од тогаш е неверојатен. „Џек му даде на светот нешто непроценливо и ние ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Тејлор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично