ПОВЕЌЕ

    Iute Pay го лансираше првиот студентски иновациски предизвик за дигитални плаќања во Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Иднината на плаќањата веќе се менува, а сега студентите во Македонија добиваат можност активно да ја креираат.

    Iute Pay, дигиталниот паричник на Iute, го отвора својот прв студентски иновациски предизвик, повикувајќи ги младите да развијат креативни концепти за тоа како дигиталните плаќања ќе изгледаат во секојдневниот живот.

    Предизвикот е отворен за студентски тимови кои ќе треба да осмислат идеја за позиционирање и користење на Iute Pay, да ја претстават преку кратко видео од 60 секунди и едноставна презентација.

    Најдобрите решенија ќе бидат избрани преку јавно гласање, победничките тимови ќе добијат награди до 3.000 евра, како и можност нивната идеја да стане дел од реален продукт и кампања.

    „Ова не е само студентски проект, туку платформа каде младите можат да покажат како размислува новата генерација за пари, технологија и корисничко искуство,“ велат од Iute.

    Со овој предизвик, компанијата има за цел да поттикне иновација, креативност и практично размислување кај младите, истовремено отворајќи простор за нивно директно вклучување во развојот на современи дигитални решенија.

    Овој повик и студентски предизвик е реализиран во партнерство со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“(ФЕИТ), кој ја препозна вредноста на оваа иницијатива, преку  активна вклученост на студентите во развојот на платформата за јавно гласање. Нивниот придонес овозможи функционално и современо дигитално искуство, преку кое најдобрите идеи ќе бидат избрани токму од публиката.

    Пријавувањето на тимови е отворено до 18 мај на платформата futurefinance.iute.mk.

    Повеќе за отворениот повик, правилата, условите и целосниот бриф се достапни тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично