ПОВЕЌЕ

    Инвестициските фондови во Македонија управуваат со над 138 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Во Mакедонија има регистриани 16 отворени инвестициски фондови со кои управуваат вкупно 6 друштва.

    Со крајот на месец август фондовите управуваат со нешто повеќе од 138 милиони ЕУР. Карактеристично е тоа што дури 70% од овие средства се инвестирани во т.н. кеш фондови односно фондови кај кои инвестициската политика е насочена на краток рок, а средствата се инвестирани главно во депозити во помалите банки.

    Неколку од фондовите се насочени кон инвестирање во странски акции, некои во балансирани фондови со комбинација од повеќе класи.

    На пазарот постои и еден т.н. индексен фонд кој го реплицира македонскиот МБИ 10 индекс. Оваа форма на инвестирање е интереасна за клиентите затоа што со една инвестиција практично инвестираат во 10 акции истовремено.

    Речиси со 52% од средствата управува едно друшто – КБ публикум АД скопје. Во зависност од инвестициската политика на фондот приносите за оваа година се движат од 1,6% до 19%. Остварениот принос оваа година е атрактивен особено ако се имаат во предвид каматите кои се нудат за банкарски депозити. Но, сепак во предвид треба да се имаат и ризиците кои се преземаат при овој вид на инвестиција.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично