Значително повисоки приливи од одливи на средства забележале отворените инвестициски фондови во октомври. И од септемвриската негатива преминаа во позитива, со остварена нето-разлика од 24,2 милиони евра.
За еден месец, според податоците од Комисијата за хартии од вредност, вкупниот прилив на средства кај инвестициски фондови се зголемил за 179,4 насто. Или, во текот на октомврии се слеале 46,4 милиони евра. За споредба, во септември тој износ бил 16,6 милиони евра.
Зголемен е и одливот на средства, за 4,35 проценти, што е ниско помоестување во однос на септемвриските 131,1 процент. Притоа, во октомври станува збор за сума од 22,2 милиони евра.
На последниот ден од октомври вкупната нето-вредноста на отворените инвестициски фондови е 1,92милјарди денари, што е противвредност на 312 милиони евра. Споредено со последниот ден од претходниот месец, има зголемување од 7,89 насто.