ПОВЕЌЕ

    Инвестициски предлози на КБ Публикум инвест и неделен осврт на глобалните движења

    Време зa читање: 5 минути

    Преглед на пазарите 11.09.2023- 17.09.2023

    • САД

    Растот на нафтата над 90 долари за барел за прв пат од ноември 2022 година ги зголеми инфлациските очекувања за идниот период и инвеститорите се фокусираа на блу чип акциите кои останаа заборавени некое време. Компаниите од секторот технологијаостварија послаб перформанс во текот на неделата, што генерално се должи на движењето на акцијата на Apple. Имено, инвеститорите реагираа негативно на зголемената цена на новиот iPhone 15 и поделените мислења помеѓу аналитичарите по објавите на новите производи. Меѓутоа, сентиментот беше поддржан од големата иницијална јавна понуда на компанијата ARM, која уште во првиот ден покажа значаен интерес за нивните акции од страна на инвеститорската заедница. Податоците за инфлацијата покажаа значајно зголемување на месечно ниво, што се должи на растот на цената на енергенсите. Од друга страна, базичната инфлација иако порасна повеќе од очекуваното, сепак пазарите веќе ја имаа вградено во цените. Приносите на државните обврзници не се променија значително во текот на неделата. Фокусот е свртен кон состанокот на ФЕД кој ќе се одржи на 20-ти септември 2023 година на кој аналитичарите очекуваат да нема зголемување на каматната стапка.

    Име на индекс Вредност на затворање во петок Неделна промена Процентуална промена од почеток на годинава
    Dow Jones Industrial Average 34.618,24 0,12% 4,44%
    S&P 500 4.450,32 -0,16% 15,91%
    Nasdaq Composite 13.708,33 -0,39% 30,97%
    S&P MidCap 400 2.567,33 -0,28% 5,63%
    Russell 2000 1.847,03 -0,24% 4,87%

     

    • Европа

     Во Европа берзанските индекси се зголемија во текот на неделата. Индексот STOXX Europe 600 се зголеми за 1,60%. Европската централна банка ги зголеми каматните стапки, меѓутоа најави дека е можно трошоците за финансирање да го достигнаа врвот. Инвеститорите го прифатија позитивно сигналот и берзанските индекси остварија раст во текот на неделата. Исто така, подобрите економски податоци од Кина позитивно влијаеа на сентиментот. Германскиот Dax се зголеми за 0,94%, францускиот CAC 40 се зголеми за 1,91%, а италијанскиот FTSE MIB ја заврши неделата за 2,35% повисоко. Приносите на обврзниците во еврозоната се намалија со надеж дека ЕЦБ повеќе нема да ја зголемува каматната стапка. Индустриското производство во еврозоната се намали повеќе од очекуваното, односно се намали за 1,1% за јули, а Европската комисија ја намали проекцијата за економскиот раст на еврозоната на 0,8% од 1,1%. Намалувањето на растот се должи на очекувањата за пад на германската економија од 0,4%, наспроти претходните проекции за раст од 0,2%.

    • Азија

     Индексите во Јапонија се зголемија во текот на неделата. Индексот Nikkei 225 се зголеми за 2,8%, а индексот TOPIX ја заврши неделата за 2,9% повисоко. Силниот извоз и послабиот јен влијаеше позитивно на сентиментот на инвеститорите, како и позитивните економски податоци за Кина. Шпекулациите за можно нормализирање и напуштање на ултра експанзивната монетарна политика на Јапонија го зголеми приносот на државната 10 годишна државна обврзница на 0,7% од 0,64% што е највисоко од 2013 година.

    Кинеските акции немаа значајни промени во однос на минатата недела. Индексот Shanghai Composite ја заврши неделата без промена, односно за 0,03% нагоре, додека  индексот CSI 300 се намали за 0,83%. Економските податоци покажаа стабилизирање на кинеската економија, со поголем раст на индустриското производство и малопродажбата од очекувањата. Меѓутоа, капиталните инвестиции не беа во рамки на предвиденото, што воглавно се должи на помалите инвестиции во секторот на недвижнини.  Потрошувачките цени се зголемија за 0,1% во август во споредба со јули, додека индексот на производни цени се намали за 3% во споредба со минатата година.

    Можности за инвестирање во наредниот период

    Во 2023 година, глобалниот економски раст успори, а макроекономскиот амбиент се влоши. Делумно тоа беше предизвикано од растот на цените на потрошните добра што ја намали куповна моќ на потрошувачите и предизвика пад на реалната потрошувачка. Централните банки ја продолжија борбата со инфлацијата и сеуште водат рестриктивна монетарна политика.

     Во ваков амбиент, цените на берзанските стоки почнаа да се намалуваат, но сеуште постои нагорен притисок врз цените со оглед на силниот пазар на труд. Во очекување на намалување на каматните стапки и избегнување на рецесијата, инвеститорите преферираа инвестирање во акции, обврзници, но и во циклични компании, особено во оние кои работат на проекти поврзани со вештачката интелигенција, електрични возила, виртуелна реалност и слично.

     Во овие услови, фондовите на КБ Публикум инвест АД Скопје нудат можност инвеститорите да остварат соодветен принос во новонастанатите трендови и промени.

     Имено, КБ Публикум- Балансиран и КБ Публикум- Обврзници се оптимални за поконзервативни инвеститори кои сакаат да остварат повисок принос од кеш фондовите и депозитите. За оние инвеститори кои пак очекуваат дека ќе има намалување на каматните стапки за поттикнување на економскиот раст, што поволно влијае врз растот на златото, фондот КБ Публикум- Златен е одлична можност, заеднo со фондот КБ Публикум- Обврзници како поконзервативна опција.

     Од друга страна, фондот КБ Публикум- Акции и КБ Публикум- МБИ10 нудат одлична можност за инвеститорите кои очекуваат дека ќе се избегне рецесија и ќе се стабилизираат монетарните политики на глобално ниво. За инвеститорите кои сакаат да заштедат на пократок период, максимум до 1 година, а воедно да остварат атрактивен принос, најповолен е фондот КБ Публикум- Паричен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично