Samsung Electronics стапи на сцената на IFA, славејќи 100 години иновации и продолжувајќи ја својата визија „Вештачка интелигенција (AI) за Сите“. Презентацијата ја истакна храброста на Samsung да ја демократизира AI, овозможувајќи повеќе луѓе да ги искористат нејзините предности.
Дополнително проширувајќи ја визијата „AI за Сите“, конференцијата вклучуваше поглавја „AI го запознава светот“ и „AI те запознава тебе“, каде што говорници од компанијата и нејзините партнери ја демонстрираа клучната улога на AI во подобрувањето на квалитетот на животот на корисниците, опремувајќи ги со алатки со чие користење можат да ги збогатат своите животи.
„Од нашата презентација на IFA минатата година, дискусиите околу AI и нејзината улога во нашите животи значително се зголемија“, рече Бенџамин Браун (Benjamin Braun), главен маркетинг директор на Samsung за Европа. Ние во Samsung сме горди што ја правиме AI подостапна и поразбирлива, покажувајќи како таа може да го поедностави животот наместо да го комплицира. Ние веруваме дека AI треба да функционира како повеќе раце што ги задоволуваат твоите потреби и на светот околу тебе. Нашите производи засилени со AI им овозможуваат на луѓето повеќе време да се фокусираат на работите што ги сакаат.“
AI за Сите
Поглавјето „AI за сите“ на Samsung опфаќа широк спектар на производи засилени со AI, од мобилни уреди до апарати за домаќинство и системи за домашна забава. До крајот на 2024 година, Samsung очекува дека ќе има 200 милиони Galaxy уреди засилени со AI во рацете на корисниците. Samsung разбира дека неговите AI функции треба да се приспособат на тоа како корисниците сакаат да живеат, но и да ги поддржуваат потребите на планетата.
Централна улога во ова е проширувањето на екосистемот SmartThings, кој поврзува над 500 милиони уреди, нудејќи беспрекорна далечинска контрола на сите производи на Samsung засилени со AI — од вклучување или исклучување на греењето, до управување со сите апарати кога сте дома или на пат, и навигација на телевизорите на Samsung.
Никогаш досега не било толку лесно за луѓето ширум светот да ја користат моќта на AI за да го контролираат светот околу нив. Производите на Samsung засилени со AI им ја даваат оваа моќ на своите корисници, овозможувајќи им да ги курираат своите секојдневни искуства. Без разлика дали се стремат кон поодржлив живот, проширување на креативноста или поврзување со своите сакани.
Сепак, само 15% од луѓето изјавиле дека целосно разбираат како AI може да се користи во нивниот секојдневен живот, а 66% од нас бараат начини да пронајдат повеќе време. Ова покажува јасна можност за Samsung AI да им обезбеди време на луѓето, а тоа е причината зошто AI е за сите.[1]
По IFA ќе се лансира најновата надградба на оперативниот систем One UI 6.1.1, која ќе ги направи достапни AI функциите од Galaxy Z Fold6 и Z Flip6, како што се Превод во живо (Live Translate) и Пребарување со заокружување (Circle To Search) и на Galaxy S24, Z Fold5 и Flip5.
Оваа надградба на One UI 6.1.1, исто така, ќе вклучува нови апликации кои ќе донесат повеќе можности за креативност и поврзување, вклучувајќи Скицирај за слика (Sketch to Image), која им овозможува на корисниците да ги визуализираат своите идеи преку слики генерирани од едноставен цртеж, и Portrait Studio, која ја поттикнува креативноста, помагајќи им на корисниците да создадат поперсонализиран аватар за онлајн користење.
[1] Ова истражување беше спроведено помеѓу 11 јули и 19 јули 2024 година, за да се измери јавното мислење за AI низ Европа. Анкетата опфати 11.000 возрасни лица од десет земји: Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Финска, Норвешка, Данска и Полска, при што секоја земја даде 1.000 испитаници, освен Велика Британија, која даде 2.000 испитаници.
AI те запознава тебе
Проекторите The Premiere 9 и The Premiere 7 носат напредна ласерска технологија во домашната забава, обезбедувајќи исклучителна 4K резолуција и имерсивен звук на екрани до 130 инчи. Тие вклучуваат технологии засилени од AI, вклучувајќи подобрување на содржините со квалитет од 4K и Vision Booster, кој ја прилагодува осветленоста и контрастот за оптимално гледање во различни светлосни услови. Дизајнирани за трансформирање на животниот простор во врвно домашно кино, овие проектори нудат супериорно искуство на гледање со најсовремена технологија.
На сцената на IFA беа прикажани и најновите иновации во телевизорите на Samsung. Од 2015 година, оперативниот систем Tizen OS напојува стотици милиони паметни телевизори, предводејќи ја еволуцијата на гледањето телевизија. AI телевизори на Samsung за 2024 година ќе добиваат надградби на Tizen OS седум години, имајќи ја предвид спецификацијата на хардверот[1]. На овој начин, потрошувачите ќе можат да уживаат во најновите иновации и во подобрена поврзаност низ сите свои Samsung уреди.
[1] Ќе се утврдат детали за поддржаните модели и функции.
Екраните Neo QLED 8K AI на Samsung обезбедуваат подобрено искуство на гледање со вградениот NQ 8 AI Gen 3 процесор. Овие процесори имаат 512 неврални мрежи — осум пати повеќе од претходните — и кога се комбинираат со моќта на AI, овозможуваат прилагодено висококвалитетно искуство на звук и слика. Оваа технологија ги подобрува содржините на екранот за да се испорача најостра и најбеспрекорна слика досега.
Најновите случувања со The Frame и Art Store беа, исто така, претставени на IFA со најава за неколку нови партнерства. Покрај соработките со финската дизајнерска куќа Marimekko и Жан-Мишел Баскијат (Jean-Michel Basquiat), Samsung претстави ексклузивна колекција од 12 ремек-дела на белгискиот надреалист Рене Магрит (René Magritte). Овие партнерства им овозможуваат на корисниците да внесат извонредна уметност во своите домови, додавајќи магија во нивната секојдневна околина.
Samsung, исто така, овозможува поголема контрола и пристапност за корисниците. На пример, Samsung разви и примени функција Автоматско отворање на врата (Auto Open Door) на некои модели машини за перење и фрижидери за корисниците да можат да ги отвораат вратите со лесен допир. Неодамнешното ажурирање им овозможува на луѓето да ја отворат вратата едноставно велејќи: „Отвори ја вратата од фрижидерот“, дури и без команди за будење како „Здраво Bixby“.
AI го запознава светот
Samsung верува дека вештачката интелигенција е позитивна сила која може да ни помогне подобро да се грижиме за планетата и едни за други.
Samsung ја продолжува својата мисија да достигне нето нула емисии до 2050 година, т.е., 93% од одделот DX да работи на обновливи извори на енергија[1].
Во рамки на своите производи, Samsung продолжува да дава приоритет на енергетската ефикасност и е посветен на користењето на AI за да го направи ова можно, без разлика дали се работи за користење на AI во апаратите за домаќинство како што се фрижидерите и машините за перење или за отклучување на потенцијалот на SmartThings Eco System за заштеда на повеќе енергија.
Фрижидерите AI Hybrid на Samsung се дизајнирани со заштеда на енергија како главен приоритет. Со комбинирање на два извори на енергија — компресор и Peltier технологија за ладење — фрижидерот интелигентно реагира кога се користи повеќе енергија од вообичаено. На пример, ако вратата на фрижидерот е отворена подолго време, Peltier технологијата работи како дополнителен извор на ладење за подобрување на целокупната енергетска ефикасност.
[1] Во септември 2022 година, Samsung ја објави својата нова еколошка стратегија која ги вклучува целите на компанијата за постигнување резултат 1,2 за нето нула емисии до 2050 година, максимизирање на кружноста на ресурсите за придонесување кон кружна економија и справување со еколошките предизвици преку технолошки иновации. Одделот Device eXperience (DX) на Samsung има за цел да постигне резултат 1,2 за нето нула емисии до 2030 година. Одделот DX постигна 93,4% конверзија на обновлива енергија до крајот на 2023 година — што вклучува 100% обновлива енергија користена во главните глобални производствени објекти во САД, Европа, Јужна Кореја, Кина, Бразил, Индија и Виетнам.
Екосистемот SmartThings останува во центарот на способноста на Samsung да ја предводи енергетската ефикасност, бидејќи може да направи многу мали промени кои прават голема разлика. Режимот AI Energy Mode во SmartThings Energy[1] може да заштеди до 70% од потрошувачката на енергија кај машините за перење[2][3]. Исто така, со SmartThings Away Mode, корисниците никогаш не мора да се грижат дали заборавиле да го исклучат светлото или телевизорот откако ќе излезат. Сензорите во различни апарати детектираат кога нема никој во просторијата и тогаш ги исклучуваат системите за да заштедат енергија.
Апаратите Bespoke AI, исто така, можат да ги намалат трошоците за струја преку Оптимално планирање (Optimal Scheduling) и Оптимално полнење (Optimal Charging). Овие функции го одложуваат почетокот на циклусот на перење и полнење за да се избегнат часовите кога потрошувачката на енергија е најголема и со тоа ги намалуваат трошоците за струја кога се комбинираат со паметни тарифи.
Производите на Samsung на IFA ќе бидат излолжени од 6 до 10 септември во City Cube, Берлин.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
[1] Достапно на уреди со Android и iOS. Потребна е Wi-Fi врска и Samsung сметка.
[2] Проценетата заштеда е базирана на тестови спроведени од Samsung. Проценетата заштеда може да се разликува од реалната заштеда на корисниците. https://blog.smartthings.com/smartthings-energy/how-to-reduce-your-carbon-footprint-with-smartthings-energy/
[3] Потребна е Wi-Fi врска, Samsung сметка и SmartThings. Може да се примени кога избраната температура на перење е помеѓу 20~40°C. Најдобри резултати за заштеда произлегуваат од перење на 40 степени со студена вода. Заштедите се базирани на внатрешно тестирање на моделот WW11BB944AGB во нормални услови на користење. Резултати: потрошувачка на енергија без AI Energy Mode = 0.539 KWh. Потрошувачка на енергија со AI Energy Mode = 0.145 KWh. Резултатите може да варираат во зависност од реалните услови на користење.