ПОВЕЌЕ

    ХалкБанк со користење на мултифункционална мобилна апликација ќе засадува дрвја и ќе врши пошумување со зелени површини

    Време зa читање: 2 минути

    Халк банка самоиницијативно донира 152 садници на дел од училиштата коишто се пријавија за учество во акцијата Колективно садење дрвја низ Македонија на 26./27.10.2019. Активностите за садење дрвја ќе бидат регистрирани на мобилната апликација на Халк банка – Халк ЕКО.

    Листа на училишта на кои се донирани садници, а кои самоиницијативно се пријавија и побараа да се донираат садници.
    – ООУ „Гоце Делчев“ – Битола
    – ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола
    – ОУ „Александар Турунџиев“
    – ООУ„Петар Мусев“ – Богданци
    – ОУ „Браќа Миладиновци“ – Жван
    – ОУ „Крсте Мисирков“ – Куманово
    – ОУ „Партение Зографски“ – Кисела Вода
    – ОУ „Наим Фрашери“
    – Гимназија – Гостивар

    Голем дел од училиштата, сами обезбедија садници, и заедно со учениците и наставниците, на истите овие денови, или во текот на последната недела од октомври , паметно, одговорно ќе ги засадат садниците, и ќе се грижат и понатаму тие да се одржуваат, со правилна нега и наводнување.

    Во Скопје, од Градот е дозволено да се сади на јавната површина, до средното училиште „Зефљуш Марку“, каде Халк банка донира 40 садници, а ќе бидат посадени на 26.10.2019 од 10-12 часот од страна на ЈП Паркови и зеленила – Скопје.

    Банката ја разви мобилната апликација HalkEco преку која ќе ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивната активност ќе засадува дрвја. На овој начин заедно ќе придонесуваат за почиста и поздрава животна средина. На секои реализирани 80 километри како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, а истите се регистрирани на неа, Халк банка ќе засадува по едно дрво. На овој начин и банката и граѓаните се одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично