ПОВЕЌЕ

    Групацијата Ерсте оствари нето добивка од 783 милиони евра во 2020

    Време зa читање: 2 минути

    Групација Ерсте, лидер во заеми во Централна и Источна Европа (ЦИЕ), ја заклучија 2020 година со солиден работен резултат од 2,9 милијарди евра (1,3% во споредба со претходната година). 

    Банкарската група, чии акции котираат на берзата, издвои скоро 1,3 милијарди евра како резерва, за ризик за потенцијални загуби, поради пандемијата. Како резултат, нето-приходот падна за 46,7%, на 783 милиони евра. 

    Кредитите на клиентите, пак, пораснаа за 3,6% на 166,1 милијарди евра, а депозитите се зголемија за 9,9% на 191,1 милијарди евра. Соодносот на акционерски капитал (CET1) повторно се зголеми од 13,7% на 14,2%.

    Финансискиот директор на Групацијата Ерсте, Стефан Дарфлер изјави: „Остваривме добри резултати на сите пазари во една исклучително предизвикувачка година. Нашите оперативни резултати останаа стабилни и нивото на капитализација е одлично. Ние сакаме нашите акционери да учествуваат во овие резултати, поради што – во согласност со препораката на ЕЦБ – ќе предложиме дивиденда од 50 центи по акција за 2020 година на годишното генерално собрание и ќе резервираме до едно евро по акција за потенцијални исплати на дивиденда во следниот период “.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично