ПОВЕЌЕ

    Групација Триглав: Временските непогоди предизвикаа голема загуба во здравственото осигурување

    Време зa читање: 3 минути

    Начинот на промена во словенечкото здравство и катастрофите од историски размери ја намалуваат процената на планираниот годишен резултат за околу 80 проценти

    Со зголемен обем на работа на 955,4 милиони евра и остварени 10,5 милиони евра профит пред оданочување – Групацијата Триглав ја заокружи првата половина од годинава. Во текот на работењето неповолно се рефлектирало неочекуваното ограничување на цената на дополнителното здравствено осигурување во Словенија. Тоа предизвикало голема загуба во тој сегмент, која на полугодишно ниво изнесува 30,9 милиони евра и значително се одразува на шестмесечниот резултат на Групацијата.

    „Природните катастрофи во Словенија и регионот, а особено невремето кое што предизвика поплави во јули и август, резултираше со историски високи загуби за Групацијата Триглав. Сегашната проценка достигнува меѓу 150 и 200 милиони евра. Земајќи ја предвид заштитата од реосигурување, се проценува дека нивното негативно влијание врз добивката на Групацијата ќе биде помеѓу 40 и 50 милиони евра. Поради загубите во сегментот на здравственото осигурување и штетите предизвикани од природни катастрофи, се проценува дека годишниот деловен резултат на Групацијата Триглав пред оданочување ќе биде за околу 80 отсто помал од планираниот. Проценката се заснова на претпоставката за нормални оштети побарувања до крајот на годината. И покрај тешките околности, Групацијата одржува висока капитална адекватност. Таа продолжува да ја спроведува својата стратегија во насока на раст, развој и одржливи амбиции“, наведуваат од Групацијата.

    Остварениот профит од 10,5 милиони евра пред оданочување во еднакви делови доаѓа од осигурителни и неосигурителни активности. Во доменот на осигурување изнесува 5,1 милион евра и се должи на позитивните резултати од финансиски вложувања (10,2 милиони евра) и негативниот резултат во осигурително-техничкиот дел на активности (-5,1 милиони евра). Негативниот резултат е предизвикан од високата загуба од 30,9 милиони евра во сегментот на здравственото осигурување. Оваа загуба ги анулира добрите полугодишни резултати на сите останати осигурителни сегменти заедно. Резултатот од неосигурителни активности изнесува 5,4 милиони евра и доаѓа главно од управување со средства на клиенти во заеднички фондови и индивидуално управување.

    Притоа, се очекува дека овие влијанија ќе се одразат и на крајните годишни резултати.

    „Сметаме дека годинешната сума на оштетни побарувања ќе достигне вредност меѓу 150 и 200 милиони евра, што е историско ниво. Нивното влијание врз деловниот резултат на Групацијата значително ќе го надмине долгорочниот просек и според сегашните проценки, ќе изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра. Проценуваме дека поради овие два фактори, елементарните непогоди, кои предизвикаа масовни штети и промените во здравствениот систем во Словенија, а под претпоставка за нормални оштети побарувања до крајот на годината, нашиот деловен резултат оваа година ќе биде за околу 80 проценти помал од првично планираниот. Групацијата Триглав останува финансиски стабилна и одржува висока капитална адекватност“, изјави Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав.

    Со активно имплементирање на стратешките насоки, Групацијата оствари вкупен деловен обем од 955,4 милиони евра. Расходите од издадените договори за осигурување се зголемени на 632,9 милиони евра, од кои најголем раст од 31 насто е остварен во сегментот на здравственото осигурување. Оперативните трошоци на Групацијата изнесуваат 214,4 милиони евра, при што најголем пораст има кај трошоците за аквизиција на осигурување, во согласност со растот на обемот на деловното работење.

    Како што информираат, под влијание на поволните услови на финансиските пазари, останатите сеопфатни приходи изнесуваат 8,7 милиони евра. Нето годишната профитабилност на капиталот на Групацијата изнесува 2,3 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично