ПОВЕЌЕ

    Групација Триглав: 56,8 милиони евра за дивиденда на акционерите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Групацијата Триглав работеше успешно во предизвикувачки околности и ја задржа финансиската стабилност и водечката пазарна позиција во регионот – Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го потврди ревидираниот годишен извештај за 2022 година.

    Вкупните приходи во износ од 1.599,3 милиони евра се зголемија за десет проценти во споредба со претходната година. Од кои, пак, бруто полисираната премија изнесуваше 1.479,6 милиони евра или девет насто повеќе споредено со 2021 година.

    Групацијата минатата година оствари добивка од 134,5 милиони евра пред оданочување, што обезбеди зголемување од еден процент во споредба со претходната година. Управниот одбор и надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на годинешното собрание на акционерите ќе предложат исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра бруто по акција, или вкупно 56,8 милиони евра. Овој износ претставува нешто повеќе од 50 отсто од нето профитот на Групацијата Триглав за 2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично