Околу 115.000 граѓани на меил ќе добијат код за користење на ваучерите

Датум на објава: 08.06.2020

Време зa читање: < 1 минутa

Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам, преку УЈП на својата е-пошта ќе добијат QR код, заедно со упатство за користење на истиот, информираат од Владата пред почетокот на распределбата на вредносните ваучери кои се дел од третиот сет мерки за развој на домашниот туризам и поттикнување на потрошувачката.

Прочитајте и ...  ЧИТАМЕ: Патрик Диксон - Градење подобар бизнис | Дел 1/5

Ваучерот, во вредност од 6.000 денари, може да се искористи од 15 јули до 15 декември 2020.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени околу 115.000 граѓани, со буџет од 16 милиони евра кој е ставен на располагање за поддршка на домашниот туризам.


Тагови: буџет, Влада, домашен туризам, известување, код, туризам,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: