ПОВЕЌЕ

    ОТКРИЈТЕ КОЈА ФИРМА ГИ ГРАДИ ПАТИШТАТА НИЗ ДРЖАВАВА: Зa обиколница во Куманово ќе добие 580.000 евра

    Време зa читање: 2 минути

    Во тек е изградба и рехабилитација на преку 1.500 километри национални и 450 километри локални патишта и на околу 500 километри комунална инфраструктура. Ова неодамна го изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Порталот „Пари“ пребаруваше по официјалниот сајт за јавни набавки Е-набавки.гов.мк и откри кој гради голем дел од патна инфраструктура насекаде низ Македонија. Победник на многу тендери, а и во нашето пребарување е градежното претпријатие „Жикол“ кое гради патишта, ги реконструира, или рехабилитира, но исто така гради и водоводни и канализациски мрежи.

    Со „Жикол“ договор за сообраќајната инфраструктура склучиле многу општини, а и ЈП за државни патишта.

    Еве кои се договорите што годинава ги потпишал „Жикол“:

    НарачателГрадежна активностЦена во договор(и)
    Општина БогданциЛокален пат (с, Стајковци до Ѓавато) + изградба и реконструкција на пат435.000 евра
    Општина ВаландовоПовеќе улици, изградби и реконструкции340.000 евра
    Општина КумановоКружен тек580.000 евра
    Општина ДојранРехабилитација на улици40.000 евра
    Град СкопјеКомунална и сообраќајна инфраструктура во Хром320.000 евра
    Општина Гази БабаИзградба на дел од улица34.000 евра
    Општина БитолаРехабилитација на улици, патишта, автопат65.000 евра
    Општина РадовишРехабилитација на асфалт 88.000 евра
    ЈП за државни патиштаРеконструкција на пат Ропалце-Матејче1.700.000 евра
    Општина МогилаРехабилитација на улица240.000 евра
    Општина ЦентарРеконструкција на коловоз42.500 евра

    Како што може да се види во рацете на „Жикол“ е идната патна инфраструктура на голем дел од државата. А, компанијата не може да се пожали дека нема полни раце работа. Ќе гради нови патишта за стотици илјади евра, а за кружниот тек во Куманово ќе и биде платено 580.000 евра. За реконструкција на државниот пат Ропалце-Матејче ќе добие дури 1,7 милиони евра.

    „Жикол“ ќе изгради и водоводна и канализациска мрежа во повеќе места низ државава, за што има повеќе договри склучени со Министерството за транспрт и врски. Така, за водоводна и канализациска мрежа во Битола ќе се платат 730.000 евра, за изградба на водоводна мрежа во Визбегово-1,9 милиони евра, а за фекална канализација во Арачиново 1,8 милиони евра.

    Градежната фирма „Жикол“ мината година направила приход од 20,6 милиони евра, а добивката и била 2,7 милиони евра, што е раст од 51% во однос на 2019 година.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично